Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

ОДЛИЧНА ИДЕЈА НА ГРАД СКОПЈЕ: Вкупно 423 родители побарале да се засади дрвце со името на нивното дете

Со овој проект, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани – велат од Град Скопје

И по неколку години откако градските власти го стартуваа проектот „Дрво за секое дете“, интересот за садење дрвја за новороденчињата не спласнува кај младите родители. До овој момент до Град Скопје се пристигнати 423 пријави на родители од сите скопски општини кои добиле нов член на семејството, но и нов жител на Скопје, за садење дрво на некоја од јавните зелени површини во градот, на кое ќе стои името и презимето на бебето.

Идејата за реализацијата на овој проект датира од 2019 година и има за цел зголемување на зеленилото во градот со садење дрво на конкретна локација, кое ќе расте „заедно“ со детето и за кое покрај вработените, задолжени за одржување на зеленилото во Скопје, би требало да се грижат и родителите на детето чие име е испишано на плочка ставена на дрвото.

– Градот Скопје во 2019 година започна со реализација на проектот „Дрво за секое дете“, со кој им се овозможува на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови, а на самото дрво ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Поради пандемијата со коронавирусот, проектот подолг период беше ставен во мирување, а со наредната акција за засадување истиот ќе продолжи – објаснуваат од Град Скопје.

Според нив, целта на проектот е да се овозможи децата да растат и да го следат растот на своето дрво.

Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани. Овој проект се реализира фазно и досега се засадени и поставени плочки на поголем број локации, како што се на кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, како и новиот дрворед во должина на булеварот 8 Септември – велат од Град Скопје од каде што информираат и дека, за реализација на овој проект, немало големи финансиски импликации, бидејќи се спроведувал во рамките на стандардните акции за садење дрвја, а единствен дополнителен трошок бил изработката на плочките што се поставуваат на дрвјата.
Сепак, за жал, одреден број засадени дрвца со плочки со имињата и датумите на новите жители на Скопје се исушени. Таков е примерот со неколку дрвја засадени во паркот „Авионче“ во Општината Аеродром.

Градските власти апелираат до скопјани доколку забележат оштетени дрвја, да се јават до секторот за комунални работи или до надлежните во ЈП „Паркови и зеленило“.

loading...

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/