ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
ШИЛЕГОВ: Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници
(ВИДЕО) ОХРИД Е ДОМАЌИН НА ГОЛЕМА НАТО ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ ПРИ ЦИВИЛНИ КАТАСТРОФИ: Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство во којашто, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји и е прва НАТО вежба во Република Северна Македонија од ваков размер

ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ШИЛЕГОВ ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НИЗ СКОПЈЕ
ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ КАЈ БРАЌАТА - АМЕРИКАНЦИТЕ НАСИЛА ЌЕ ЈА ВНЕСАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Каракачанов вели дека САД ќе добие пријатели во Скопје, ама ќе загуби во Софија
ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ КАЈ БРАЌАТА - АМЕРИКАНЦИТЕ НАСИЛА ЌЕ ЈА ВНЕСАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Каракачанов вели дека САД ќе добие пријатели во Скопје, ама ќе загуби во Софија
УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем
УЛТРА МОДЕРНИ СТАНОВИ ПО ЦЕНИ ОД 1.250 ДО 1.350 ЕВРА ПО КВАДРАТ: East Gate Living гради 10 згради кај Скопски саем
СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ИСТ ГЕЈТ: НАД 220 ПРОДАВНИЦИ ОД КОИ 80 СОСЕМА НОВИ БРЕНДОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!
СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ИСТ ГЕЈТ: НАД 220 ПРОДАВНИЦИ ОД КОИ 80 СОСЕМА НОВИ БРЕНДОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР!
(ВИДЕО) ИСТОРИСКИ ГОВОР НА БАЈДЕН ВО ООН: ДЕМОКРАТИЈАТА ЌЕ ПОБЕДИ, НЕ САКАМЕ НОВА СТУДЕНА ВОЈНА СО РУСИЈА И КИНА, НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ ОСТАВИМЕ НА ЦЕДИЛО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ АКО НЕКОЈ САКА ДА ГИ ОКУПИРА ИЛИ МАЛТРЕТИРА, ВОЈСКАТА ЌЕ ЈА КОРИСТАМ КАКО ПОСЛЕДНО РЕШЕНИЕ!

БРАВО - СО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 450 000 ЕВРА, ТЕТОВО СЕ ОПРЕМИ СО 4 КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, 2 МЕТЛАРКИ И 150 КОНТЕЈНЕРИ
БРАВО - СО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА ВО ВРЕДНОСТ ОД 450 000 ЕВРА, ТЕТОВО СЕ ОПРЕМИ СО 4 КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ, 2 МЕТЛАРКИ И 150 КОНТЕЈНЕРИ

ОДЛИЧНА ВЕСТ, ИМ ПОСАКУВАМЕ БИЗНИС КАМБЕК: Семејството Костовски ќе го гради легендарнит КЕРМЕС во градски парк по 15 години судски пресметки со градот

После 15 години во урнатини „Кермес“ повторно ќе се издигне. Семејството Костовски, кои се сопственици на овој објект најавуваат камбек во бизнисот со целосна изградба на некогашниот ресторан.

Олга Костовска за ТВ 24 ја потврди информацијата дека таа ќе биде одговорна за неговата обнова. „Кермес“ ќе го обележи времето во коешто живееме со нови содржини кои ќе бидат од јавен интерес, вели Костовска.

Засега сопствениците не откриваат колку ќе чини изградбата, повеќе информации најавуваат следните месеци. Денес објектот „Кермес“ е во руинирана состојба. Се уште стојат столбовите од првиот обид Кермес да се возобнови, но веројатно, сега се ќе се прави одново. До оваа одлука семејството дошло по повеќе години тапкање во место и спор со градот Скопје за дел од парцелите околу објектот, кој заврши во нивна полза.

Кермес претставуваше култно место за семејни прошетки, за први љубови, за први свирки, за први гурмански јадења. Еве како дел од старите скопјани се сеќаваат на неа.

Дали ќе се вратат и ваквите спомени останува да се види. Иако оргиналниот објект на Кермес не постои со години, тој сепак е едно од малкуте места кои сеуште ја носат приказната за старо Скопје. Неговата култна улога и интересна локација се очекува да се возобнови преку повторно реализирање на проектот.

Најавата за обнова на Кермес, доаѓа по крахот на Еуростандард Банка, што досега беше главен бизнис на семејството Костовски. Неколку месеци пред случувањата со банката пак, семејството го продаде и Еуролинк осигурување.

Сѐ до земјотресот во 1963 година летната бавча “Кермес”, сместена на самиот влез во Градскиот парк, беше една од најпривлечните кафеани во Скопје. Тука, под дебелите сенки на јаворите, во семејна или пријателска дружба, при богата скара и жива музичка изведба, граѓаните до доцните ноќни часови уживаа во живописниот амбиент.

По катастрофалниит потрес, поради тешките оштетуваења, објектот беше напуштен и со децении служеше како прибежиште на бездомници и наркомани, често изложен на разни опожарувања и неповратни уништувања.

Иако се наоѓаше на само педесетина метри оддалечност од кабинетите на скопските градоначалници и нивните административни служби, и беше прв поглед на странските делегации дојдени во посета на градот, ниту локалната ниту централната власт не покажаа интерес и желба барем да го расчистат тој запуштен простор, ако веќе не сакаат да го обноват некогашното омилено катче на скопјани.

И што се случи?

Кога познатиот македонски бизнисмен Трифун Костовски неколку години пред неговиот избор за градоначалник на Скопје, реши да инвестира во обновата на “Кермес”, со целосно зачувување на неговиот архитектонски изглед, односно кога по добивањето на сета урбанистичка документација започна изградбата и беа поставени темелите на новиот објект, градбата беше стопирана со бесмислено образложение, дека наводно “Кермес” претставувал култорно-историска знаменитост за градот и како таква уживала посебна законска заштита.

Всушност, откако Костовски како независен кандидат беше избран за градонначалничката функција, неговите политички опоненти во тогашната централна и локална власт, активираа непостоечка урбанистичка забрана, со цел да ја спречат реализацијата на започнатиот проект. Така, веќе две децении, без никаков судски епилог, просторот кај некогашниот “Кермес” стои целосно запуштен, обраснат во треви и градежен шут, со бетонски столбови што се распаѓаат, без одговор дали некогаш ќе излезе од прегратките на политичкото слепило и повторно ќе ја поврати својата атрактивна привлечност.

Скопјани немаат било каква информација или исказ за натамошната судбина на овој запуштен и грд простор. Сите слегнуваат со раменици и никој точно не знае во чија надлежност се наоѓа конечната одлука за идниот изглед на овој дел од паркот.

Дали овој објект ќе се врати во живот или ќе се остави на доуништување на времето, сепак некој ќе треба да одговори.

loading...