Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

OJO: Мицкоски да достави докази дека е направен фалсификат со известувањето за РЕК „Битола“

Доколку некој има докази дека е направен фалсификат во известувањето за случајот со РЕК „Битола“, потребно е тие докази да ги достави до Обвинителството, велат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со вчерашните наводи што ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите.

Во случајот со наводниот рекет во врска со тендер за ископ на јаглен, Мицкоски вчера рече дека постојат две верзии на известувањето што Бирото за јавна безбедност (БЈБ) го доставило до Обвинителството – во една верзија се споменува лицето Вице Н., додека во втората тој дел е изоставен. За ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери кон тогашниот втор човек во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски.

Од Обвинителството, пак, не сакаат да ги коментираат неговите изјави, но порачуваат дека ако некој има докази тогаш тие треба да бидат доставени до нив.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и во досегашната практика, нема да коментира изјави на лидери на политички партии или други институции. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапува по Известувањето за кое покажувате интерес во онаа форма во која го добил во работа. Доколку некој поседува докази дека известувањето имало поинаква содржина при неговото изготвување, а потоа се направени содржински измени што би значеле извршување на кривично дело фалсификување, како и времето кога тоа е извршено, потребно е тие докази да ги достави до надлежното обвинителство“,

велат од Обвинителството.

Мицкоски, пак, вчера немаше јасен одговор како вакво нешто се случило зашто надреден на Велковски во тој период, поради техничката влада, е Александар Јанев, кој е предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ. Јанев е началник на Одделот, а Велковски дополнителен заменик-началник.

Покрај обвинувањата дека има две верзии, од опозицијата реагираат и затоа што Обвинителството сè уште не постапило.

Случајот, како што вчера беше посочено на брифингот, почнува во 2018 година, кога на сопствениците на битолската фирма „Рубитон“, која имала добиено тендер за ископ на јаглен, им пристапил тогашниот директорот на РЕК, Васко Ковачевски, барајќи од нив да се откажат од тендерот за сметка на фирмата „СВ инвест“. Откако ова барање било одбиено, зашто, како што објасниле од „Рубитон“, тоа правно било неизводливо, Ковачевски, како што брифираше Мицкоски, понудил друга опција – да платат 250 000 евра, во кеш, за да можат да продолжат непречено да ја извршуваат работата според договорот утврден со добиениот тендер. Ако сопствениците на „Рубитон“ не сакале нему да му ја дадат сумата, тогаш предложил парите да ги однесат во Струмица кај лицето Вице Н.

Факсимил од известувањето на БЈБ до Обвинителството што го презентираше ВМРО-ДПМНЕ

Ова стои и во документите што ги презентираше Мицкоски, а за кои тој тврди дека се добиени од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при БЈБ.

Средба со Вице Н. била закажана, но не се одржала. На враќање кон Битола, како што стои во полициските белешки, сопствениците на „Рубитон“ добиле вибер-повик од Вице Н. кој им посочил дека друг човек, извесен Горан Крстев, ќе ја заврши работата во негово име. Парите не биле дадени, а до газдите на „Рубитон“ стигнале вибер-пораки од Вице Н. во кои се вели: „Ќе си ја тераш твојата работа, ние нашата, па ќе видиме до каде ќе стигне“. Оттогаш, како што се наведува во презентираните документи, почнале проблемите на „Рубитон“ во РЕК „Битола“ – што на крај довело до раскинување на договорот и штета од околу половина милион евра.

По вчерашниот брифинг, се огласија и од РЕК „Битола“, но и Вице Заев, кои ги демантираа обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој случај, за кој вчера брифинг одржа Мицкоски, се поклопува и со изјавите кои во периодот на техничката влада ги имаше техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кога информираше дека против Васко Ковачевски има кривична пријава за злоупотреба на службената положба и изнуда. Тогаш Чулев не ги спомена имињата на фирмите, но описот на дејствијата во врска со тендерот и сумата од 250 000 што била барана се поклопуваат.

„Се работи за реномирана фирма која дала најповолна понуда и го добила тендерот, но од страна на директорот и раководството била вршена изнуда дел од договорот да биде отстапен на друга фирма – подизведувач која ниту има капацитет ниту механизација, а е блиска со СДСМ. Со оглед дека одговорните лица во фирмата која го добила тендерот одбиле да отстапат дел од договорот притисокот продолжил во насока што од страна на директорот на РЕК ’Битола‘, согласно пријавата, бил побаран поткуп во износ од 250 000 евра. Притоа, било укажано доколку не биде даден поткупот или не се дозволи да се отстапи дел од договорот, фирмата ќе се соочи со притисок со цел да не биде во можност да го реализира склучениот договор“,

рече Чулев во јуни лани при посета на Битола.

И тој тогаш информира дека договорот бил раскинат поради притисоците, но и дека истата компанија води граѓанска постапка и бара отштета од еден милион евра.

„Во периодот кога е вршена изнуда и барање за поткуп, лицето раководител на фирмата го запознало раководството на ЕЛЕМ, имале состанок и со Управниот одбор, но за жал од страна на ЕЛЕМ не е пријавен случајот и не се преземени мерки за спречување на оваа работа. Од овие причини МВР поднесе известување до обвинителството, со документацијата и доказите. Тоа е потпишано и од двајцата началници во Одделот за сериозен криминал и спречување корупција, но од обвинителството досега немаме инструкции за понатамошно постапување“,

изјави Чулев барајќи обвинителството да почне да постапува по предметот.

Тогаш се огласи и Ковачевски, кој беше назначен за директор на РЕК „Битола“ во 2018 година, а на позицијата остана до 23 јули 2019 кога надзорниот одбор на АД ЕСМ го назначи за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ. Возвраќајќи на обвинувањата од Чулев, Ковачевски најави дека ќе му поднесе кривична поради, како што тврдеше, лажните обвинувања.

„Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите денешни обвинувања. Не се точни. Помина времето на МВР-ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа неподобните за нив. Кога веќе Наќе Чулев сака да бара криминал, му препорачувам да се позанимава со времето на владеењето на Христијан Мицкоски како директор на АД ЕЛЕМ, сега ЕСМ, и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени и ангажманот на неговите пријатели адвокати за консултанти. Воедно, за ваквите неосновани обвинувања во денешната изјава нека очекува поднесување на кривична пријава од моја страна против него лично“,

изјави Ковачевски на 19 јуни 2020.

loading...

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.

AnimeFreak: Kodomo no Jikan Recap anime episode Full online free at https://animefreak.ws bleach animefreak

Website https://animekisa.in: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba - Mt. Natagumo Arc (Dub) animekisa Episode Full animekisatv

Magcloud: https://www.magcloud.com/user/kissanimemx

Wakelet: https://wakelet.com/@animefreakws