Премиерите на Северна Македонија и Холандија, Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации
Премиерите на Северна Македонија и Холандија, Заев и Руте на трибините во Амстердам ќе ги бодрат своите репрезентации
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРОБИШТИП, ЛАДИЧ: Денес го потпишав Договорот за набавка на ново противпожарно возило, за кое обезбедивме донација во вредност од 6.000.000 денари од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој

ЛАТАС ПАК КАЗНЕТ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ, ПАК СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДЕКА ЌЕ ВИДЕЛЕ ТИЕ УБАВО КОГА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ!
ЛАТАС ПАК КАЗНЕТ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ, ПАК СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ДЕКА ЌЕ ВИДЕЛЕ ТИЕ УБАВО КОГА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ!
Хилал Беќири од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар: Едно Општество за сите не е само решение за многу деструктивни појави во земјата, туку е и инвестиција за напредок и социјален развој

(ВИДЕО) ГОРАН ПАНДЕВ Е ЦАР: И ЈАС КАКО РОНАЛДО ДА ГИ ТРГНАМ КОКА КОЛИТЕ, ДА СТАВАМ СТРУМКА
(ВИДЕО) ГОРАН ПАНДЕВ Е ЦАР: И ЈАС КАКО РОНАЛДО ДА ГИ ТРГНАМ КОКА КОЛИТЕ, ДА СТАВАМ СТРУМКА
ДЕНЕСКА ВО 18 ЧАСОТ ПОСЛЕДЕН НАСТАП НА НАШИТЕ НА ОВА ЕВРОПСКО, ПОСЛЕДЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН НАСТАП НА ГРАНДЕ ПАНДЕВ
ДЕНЕСКА ВО 18 ЧАСОТ ПОСЛЕДЕН НАСТАП НА НАШИТЕ НА ОВА ЕВРОПСКО, ПОСЛЕДЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН НАСТАП НА ГРАНДЕ ПАНДЕВ
ФОТО НА ДЕНОТ: ПРЕУБАВАТА ИТАЛИЈА
ФОТО НА ДЕНОТ: ПРЕУБАВАТА ИТАЛИЈА
Грција го отвора и граничниот премин Меџитлија
Грција го отвора и граничниот премин Меџитлија

ОЈО РЕШИ ДА ДЕЈСТВУВА ВО САРАЈ: ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА ДИВИТЕ ПЛАТФОРМИ НА МАТКА, ЗАЗЕЛЕ ВКУПНО 6 ПАРЦЕЛИ ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум, со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Тој на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2.

Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2.

За узурпација на недвижности членот 225 став 1 пропишува од парична, до затворска казна до 3 години.

„Тој што со намера за владение ќе заземе туѓа недвижност што со пропис е прогласена за имот во општа употреба, добро под привремена заштита или културно наследство, природна реткост или друго природно богатство или земјоделско земјиште во туѓа сопственост, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, вели првиот став од 225.

Обвиненителниот предлог не оди на оценка,туку директно кај судија во Основниот кривичен суд, кој закажува судски процес.

loading...