ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

ОНОЈ ВО ЗАТВОР СО МАРУЛИТЕ И ЌЕБАПИТЕ СЕГА СЕ ГАЗИ ОД СМЕЕЊЕ – Уставниот суд ја отфрли иницијативата на обвинетите бизнисмени во „Поштенска банка“ кои се жалеа дека биле дискриминирани зошто се богати

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на бизнисмените обвинети во случајот „Поштенска банка“, кои го оспоруваа обвинението и решението на Кривичниот суд со кое обвинителниот акт доби позитивна оценка, по што стартуваше судскиот процес.

Според бизнисмените Ратко Димитров, Томе Главчев и Зоранчо Митревски, случајот „Поштенска банка“ бил отворен од тогашното специјално обвинителство заради вршење на притисок на успешни бизнисмени. Но, како што појаснуваат, тие не биле заштитени ниту од Кривичниот суд, бидејќи и од таму одобриле да се поведе кривична постапка и тоа само затоа што биле успешни и богати. За нив и оваа дикриминација е подеднаква како дискриминацијата заради пол, политичка, верска или национална припадност.

На денешната седница Уставниот суд, пак, ја отфрли нивната иницијатива.

-Согласно надлежностите на Уставниот суд од сферата на човековите слободи и права и нивната заштита пред Уставниот суд, заштитата се обезбедува ако определено право или слобода се повредува со конкретно дејствие или конкретен поединечен акт донесен од надлежен орган или институција. Услов е конкретното дејствие или поединечниот акт да е противправен.

Обвинителниот акт и решението на кривичниот суд со кој се потврдува обвинителниот акт, а кои се оспоруваат од подносителите на барањето, не подлежат на уставна контрола односно уставна оценка пред Уставниот суд од аспект на нивната уставност и законитост. При фактот дека во конкретниот случај не се исполнети претпоставките за водење на уставно-судски спор, се предлага поднесеното барање од апликантите да се отфрли, истакна судијата Осман Кадриу.

Во случајот „Поштенска банка“ обвинети се поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитров, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски, Викица Поповски, Гкеоргки Каратолис, Зоранчо Митревски, Влатко Димитровски, Зоран Шуклев и Венци Шуклев.

На деветминината обвинети им се суди за кривичните дела „Злoупотреба на службена положба и овластување“, како и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Кога СЈО уште во 2018 година го презентираше овој случај, соопшти дека станува збор за финансиска истрага која опфаќа повеќе поврзани настани со кои се сторило кривичното дело перење пари и во периодот од 2001 до 2010 година и била прибавена имотна корист од околу 5 милиони евра. Меѓутоа, по проширувањето на истрагата во 2019 година, неофицијалните проценки се дека се испрани 9 милиони евра.

Овој предмет беше дел и од доказната постапка за случајот “Рекет”, бидејќи како за “Империја”, така и за “Поштенска банка” обвинителка Катица Јанева наводно барала од надлежните обвинители да ги затворат случаите со спогодба, односно осомничените да платат штета и да избегнат затворски казни. Ова впрочем во судница го сведочеше предметниот обвинител Бурим Рустеми.

loading...

go88 otp Tải Go88 Club | Go88 Live APK, IOS, AnDroid 2022 go88 pc

chơi game sunwin online sunwin clan hop tại sunwin pro plus ios