„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА
НБА кошаркарот Џеди Осман се венча со турската актерка Шахин во родниот Охрид
НБА кошаркарот Џеди Осман се венча со турската актерка Шахин во родниот Охрид
(ВИДЕО) ОСМАНИ ДЕТАЛНО ИМ ГО ПРЕСТАВИ МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРИТЕ
(ВИДЕО) ОСМАНИ ДЕТАЛНО ИМ ГО ПРЕСТАВИ МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРИТЕ
ВМРО-НП: Овој предлог е најдобар досега, престанете да правите драми и трагедии
ВМРО-НП: Овој предлог е најдобар досега, престанете да правите драми и трагедии
СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата и јавно призна дека е против ЕУ
СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата и јавно призна дека е против ЕУ
Десет причини зошто треба да се подржи тнр.Француски предлог на ЕУ за решавање на спорот со Бугарија!
Десет причини зошто треба да се подржи тнр.Француски предлог на ЕУ за решавање на спорот со Бугарија!
(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
(ВИДЕО) АРСОВСКИ: Предлогот не е идеален, ама е подобар од претходниот и ни овозможува да ги почнеме преговорите, битката со Бугарија ќе продолжи
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог
Партија на пензионери: Треба да се прифати новиот француски предлог

Општина Центар поднесе жалба до Управата за имотно правни работи за одземањето на правото на користење на државно земјиште кај зградата „Тифани“

Во насока на заштита на јавниот простор и државното неизградено земјиште, а по Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја поднесе жалбата со која се оспорува правото на користење на државното земјиште.
Оваа жалба, изготвена поради воочени нерегуларности во постапката на одземањето на правото на користење на Општина Центар врз парцелата 11843/2, веќе е доставена Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии.

ДУП-от Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, односно планот кој ја регулира локацијата, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11843/2, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради. Во тек е постапка за донесување на нов предлог ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал Ринг, каде што за посочената катастарска парцела предвидена е намена В4, односно државни институции.

Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар и е со вкупна големина од 413 м2. (Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на РМ се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри). Општина Центар како траен корисник на дел од државното земјиште морала да биде прашана за согласност пред било каква одлука или постапка од страна на институциите. Во овој случај постапката за одобрението на Општина Центар е заобиколена, поради што и градоначалникот Герасимовски поднесува жалба.

Општина Центар во изминатиот период веќе информираше дека не е запознаена со Решението донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое се одзема правото на користење со градежното земјиште.
Ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е дека општината нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште.

loading...

go88 download android đánh bài go88 go88 club uy tin so mot chau a

sunwin homepage kết quả sunwin sunwin ân