☝️ За да си ја спасиме општината и народот кои со години се утнетувани од урбаната мафија, мора да ѝ зададеме сериозен удар, како на пример овој денес.
Јас не се колебам за ова, за криминалот нема место во Кисела Вода и тоа беше мое ветување пред граѓаните, јас не се пазарам со ниту еден инвеститор и ќе се борам заедно да ставиме крај на дивеењето.
💪 Денес е усвоена е иницијативата поднесена од граѓани во рамки на проектот ,,Стоп за урбаната мафија” со која побараа да престане изградбата на згради, на места каде е предвидена изградба на семејни куќи.
☝️Ова значи дека од денес, во општина Кисела Вода, со посебен акцент на Пржино и Црниче, каде ова беше најизразено, брoјот на станбени единици во објекти со намена А1-Семејно домување е ограничен на вкупно четири.
🗣️ На седницата ги повикав сите советници кои се залагаат за интересот на граѓаните а не на урбаната мафија да застанат зад жителите од овој дел на градот кои се потпишаа на барањето и да гласаат ЗА автентично толкување на 39-те важечки урбанистички планови со кои се бара ограничување на бројот на станбени единици на четири, да дадат свој придонес во новиот и транспарентен начин на функционирање на локалната самоуправа.
🧾 Имено, при разгледување на овие 39 урбанистички планови е констатирано дека во ниту еден од нив, нема јасно дефиниран број на станбени единици со намена А1-семејно домување.
Поради ваквата ситуација, на терен се јавува состојба едни граѓани да градат и по 8, 16 или 32 станбени единици со намена А1-семејно домување, додека други само 4 станбени единици.
❗Ваквиот пропуст во урбанистичкото планирање на општината доведува до злоупотреби од страна на урбаната мафија и наместо куќи за семејно домување, никнуваа стамбени згради со 32 и повеќе станбени единици, со нерешени паркинг места и комунална инфраструктура која не може да го издржи урбаното лудило.
Анализата покажа дека вакви објекти најмногу се градени во Црниче и Пржино иако поедини објекти има и во други делови од општината.
✌️ Предлогот за автентично толкување беше усвоен со 16 гласа ЗА.