Средствата се обезбедени преку проект финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, Србија, која ја покрива и нашата држава.
Целиот материјал е дистрибуиран во сите основни и средни училишта во нашата општина, во детските градинки, Домот за стари лица, а наредната недела ќе бидат дистрибуирани во центрите за лица со попреченост и во населбата Тризла, за корисниците на гарантирана минимална помош.
Сакам да ја поздравам иницијативата на Коалицијата СЕГА, да им честитам бидејќи се едни од ретките
невладини организации во нашата општина, кои се погрижија да им излезат во пресрет на оние на кои ваквата помош им е најпотребна. Она што е најважно, е
дека оваа донација стигнува не само во вистински раце, туку и во вистинско време, односно пред почетокот на учебната година