БРАВО - Kовачевски на чело на македонската а Петков на чело на бугарската делегација во Рим и Ватикан на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
БРАВО - Kовачевски на чело на македонската а Петков на чело на бугарската делегација во Рим и Ватикан на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
Средба на претседателот Пендаровски со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите
Средба на претседателот Пендаровски со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите
Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни улови“ е најзначајниот проект за пензионерите
Герасимовски: Проектот „Нега на стари лица во домашни улови“ е најзначајниот проект за пензионерите
Битиќи на тркалезна маса со дански индустрии: Северна Македонија е доверлив партнер на инвеститорите
Битиќи на тркалезна маса со дански индустрии: Северна Македонија е доверлив партнер на инвеститорите
(ВИДЕО) СУДИЈАТА ОГНЕН СТАВРЕВ ПРИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА И КАЗНИТЕ ЗА ТНТ: ОБВИНЕТИТЕ И НИВНИТЕ АДВОКАТИ ГО ЗЛОУПОТРЕБИЈА ПРАВОТО СО ЦЕЛ ДА ГО ЗАСТАРАТ ДЕЛОТО НО УСПЕАВМЕ ДА ГИ СПРЕЧИМЕ ВО ТАА НАМЕРА

Сефер Цановски- Денес 11 години подоцна победи правдата
Сефер Цановски- Денес 11 години подоцна победи правдата
СДСМ: Пресудата за рушењето на „Космос“ е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија
СДСМ: Пресудата за рушењето на „Космос“ е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија
(ВИДЕО) ПРАВДА ПО 11 ГОДИНИ ОД РУШЕЊЕТО НА КОСМОС ОД СТРАНА НА РЕЖИМОТ: Девет години затвор за Груевски, 3 за Јанакиески, 4 за Трајковски, Цановски треба да биде обештетен со 20 милиони евра како надомест на штета!

Општина Струмица го одбележа Денот на заштитниците „Свети 15 тивериополски свештеномаченици“

Струмица денеска празнуваше и го чествуваше Денот на заштитниците „Свети 15 тивериополски свештеномаченици“. Празнувањето започна во утринските часови со одржување литургија во истоимениот црковен храм, на којашто покрај верниците присуствуваа и градоначалникот Костадин Костадинов и членови на Советот на општина Струмица.

Во чест на овој голем празник за Струмица и струмичани, во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ се одржа свечена седница на Советот на општина Струмица, на којашто присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претставници на Македонската православна црква, Католичката црква, пратеници, на општина Петрич од Бугарија, на државни и општински институции и пријатели на Струмица.

За значењето на празникот зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој потенцираше дека од времето на дејствувањето на Светите 15 тивериополски свештеномаченици датира всаденото богољубие во срцата на струмичани и зародишот на христијанството во градот. Затоа денес, како и на секој друг 11. декември, горат кандилата во домовите на сите благочестиви струмички семејства, а во тие кандила се задомила и светлината и топлината на нашата христијанска вера и додаде:

-Ова е тој ден. Ова е тој извор од кој ја гасиме нашата духовна жед. Ова е лебецот од кој ја црпиме енергијата на нашето постоење. Го примивме завештанието од нашите предци за да им го предадеме на тукушто родените струмичани. Тоа примопредавање од рака во рака, од срце на срце, од колено на колено, траело и ќе трае се дури трае родот човечки и љубовта богочовечка, се дури Струмица и струмичани суштествуваат како урнек за нераскинливаa симбиоза. Токму затоа денот денешен е ден за празнување и ден за чествување. Во овој празник на срцата и душите струмички се е возвишено и невообичаено убаво. Овој ден е сосема различен од сите останати во годината, затоа што во него секој наш чекор е посмел и посигурен, секое наше здраво-живо поинаку звучи, сите мириси на градот се спојуваат во мирисот на празнувањето и секое биење на црковните камбани го одредува ритамот на нашето срцебиење.
Денес се е во знакот на почитта кон Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици и нивното свето дело, а секоја наша душевна дразба е артикулација на неизмерната благодарност која ја имаме кон заштитниците на нашиот град, за христијанскиот дар со кој не даруваа. Благочестивите петнаесет апостоли и денес го заслужуваат нашето поклонение , оти тие се најзаслужните за нашата богољубност и за сите духовни вредности со кои се гордееме. Причина за таа наша гордост е историскиот запис кој не потсетува дека нашиот град уште во четвртиот век станал центар на христијанството, рече Костадинов.

Традиционално, на свечената седница беа доделени годишната награда и наградата за животно дело на општина Струмица за 2021 година. Добитници на годишната награда се Ѓорѓи Калајџиев од областа на културата и литературата, Божана Трајкова од областа на крводарителството и хуманоста и Наталија Иванова за помагање и згрижување бездомни животни, а наградата за животно дело ја доби поранешниот одбојкар и тренер Никола Донев за посебни остварувања во спортот.

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime sites Gintama

free anime online The Rising of the Shield Hero (Dub)

anime to watch Black Clover

AnimeHeaven DARLING in the FRANXX Episode 21

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

tải go88