МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
МВР: Санкционирани 40 возила за јавен превоз на територија на цела држава, 16 со неисправни сопирачки
БРАВО: Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа
БРАВО: Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа
ПОЖАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДРАЧЕВО, СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ И ШТЕТАТА Е НЕЗНАЧИТЕЛНА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
ПОЖАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДРАЧЕВО, СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ И ШТЕТАТА Е НЕЗНАЧИТЕЛНА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Градската болница „8 септември“ треба да плати околу 1,5 милиони евра за струја и гас
Градската болница „8 септември“ треба да плати околу 1,5 милиони евра за струја и гас
И ГЕРМАНИЈА СИ ИМА СВОЈ ТРАМП: Германија ја затвори канцеларијата на Шредер поради неговата блискост со Путин
И ГЕРМАНИЈА СИ ИМА СВОЈ ТРАМП: Германија ја затвори канцеларијата на Шредер поради неговата блискост со Путин
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА: Почнуваме со штрајк со шатори пред владата затоа што 2 години владата нема прераспределено професионални војници по наполнети 45 години старост

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Во пролетната акција во Ѓорче Петров досега се одложени 70 кубни метри кабаст отпад
ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Во пролетната акција во Ѓорче Петров досега се одложени 70 кубни метри кабаст отпад
Ковачевски - Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија, нема време за губење, секое одложување е штетно за Балканот и Европа
Ковачевски - Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија, нема време за губење, секое одложување е штетно за Балканот и Европа

Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ под обвинение за финансиски малверзации, таа негира

Фото: Порталб.мк
Општина Тетово ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, Теута Лала, под обвинение за финансиски малверзации. Решението на Општината за разрешување, како што велат од оваа институција, се заснова на извештајот на Општинската внатрешна ревизија и е потврдено од Советот на училиштето. Лала во изјава за медиумите ги негира обвинувањата, пренесува Порталб.мк.

Од Општина Тетово денеска никој не се согласи да излезе пред медиумите за да даде објаснувае за случајот, со оправдување дека градоначалникот и раководителот на секторот за образование денеска не се во општината. Во меѓувреме, јавноста беше известена преку соопштение.

„Според споменатиот извештај, во текот на постапките констатирани се бројни финансиски прекршоци со кои бил оштетен буџетот на училиштето и било спречено нормалното одвивање на образовниот процес. Училишниот совет по разгледување на ревизорскиот извештај и по констатирани бројни прекршоци има право да предложи разрешување на директорот, и за тоа го извести градоначалникот на Тетово. По прием на предлогот на Советот на гимназијата, БР. 03-201/1 од 11.05.2022 година (за разрешување), градоначалникот постапил согласно законските одредби, а врз основа на предлог на училишниот совет. И преку адвокатот, општината поведе постапка за констатирање на законските прекршоци сторени од директорката“, се наведува во известувањето на Општина Тетово.

Од друга страна, директорката Теута Лала, вели дека седницата на Советот на училиштето се одржала, но дека воопшто не е информирана за ова, а дека Ревизијата ја смета за селективна.

„Прво, ревизијата би ја нарекла селективна бидејќи го опфаќа периодот само кога сум била јас директорка. Голем дел од времето не е покриено со ревизијата. Во оваа насока, во консултација со законот, констатирам дека градоначалникот презеде избрзани постапки и ќе ги следам сите законски процедури во однос на ова прашање“, рече Лала.

Таа рече и дека ќе се жали на овие обвинувања и ќе следи законска постапка. Таа смета дека нејзиното разрешување е направено на партиска основа од Движењето Беса и негираше дека има злоупотреби од нејзина страна.

„Јас не сум партиски човек, имам фотографии и со Билал Касами и со Зијадин Села и со многу личности“, рече Лала, но на прашањето за тоа дека во текот на кампањата беше видена во поддршка за поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, Лала призна дека ја поддржувала, нарекувајќи го тоа „морална поддршка“.

Порталб.мк побара од општина Тетово два документи: Предлогот на Советот на гимназијата со број 03-201/1 од 11.05.2022 година и документот од извештајот на Општинската внатрешна ревизија во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ врз чија основа беше разрешена Лала. Од Општината велат дека немаат право јавно да ги објавуваат одлуките и дека конечниот извештај може да го објави самиот градоначалник и дека за тоа ќе информираат во наредните денови.

Затоа Порталб.мк поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер во Општина Тетово преку архивата и преку е-пошта на веб-страницата на општината за информации од јавен карактер, но истата е нефункционална.

Наместо Лала, неофицијално дознаваме дека за директорка е именувана Хатије Азизи Етеми, поранешна општинска советничка од Движењето Беса во претходниот состав на совет во Општина Тетово. Етеми е членка на централното раководство на оваа партија. Порталб.мк ја контактираше, но Етеми не одговори за да потврди дали ја презела оваа функција или не.

loading...

watch anime online. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Hunter x Hunter (2011) Episode 145

animefreaktv AnimeFreak Tokyo Revengers

Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 155

watch anime online Dragon Ball (Dub)

AnimeFreak High School DxD

tải go88