(ВИДЕО) ЕРОЛ РИЗАОВ: ГРУЕВСКИ Е ПРВ ПОЛИТИЧАР КОЈ ПОЧНА ДА МИ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН ЗА ОБЈАВЕНИ ТЕКСТОВИ И ДА СЕ БУНИ И ДА ПРАВИ ПРИТИСОК
(ВИДЕО) ЕРОЛ РИЗАОВ: ГРУЕВСКИ Е ПРВ ПОЛИТИЧАР КОЈ ПОЧНА ДА МИ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН ЗА ОБЈАВЕНИ ТЕКСТОВИ И ДА СЕ БУНИ И ДА ПРАВИ ПРИТИСОК
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
ГРАД СКОПЈЕ: Успешно спроведена пролетната акцијата во Ѓорче Петров - уредени зелените површини на улиците и булеварите
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
(ВИДЕО) ПАРТАЛ СЕ НАПРАВИЈА: ВЕРБАЛНА ТЕПАЧКА НА ЈУТУБ МЕЃУ ПАЛЧО И КОТЕВСКИ ОД БОЈКОТИРАМ
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Вистиномер: Не е вистина дека сладолед, кафе и кока-кола во Охрид чинат 500 денари
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
Шпанија со закон планира боледување за жените со силни менструални болки
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
БРЗАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ СПРЕЧИЛА КАТАСТРОФА: Седумдесетина луѓе повредени во вчерашниот пожар во хотелот „Буши”
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош
Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица Љубљанска во општина Карпош

ОРДАНОВСКИ: СИТЕ СЕ ЗБУНЕТИ И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ ОД СМЕНАТА КОВАЧЕВСКИ – ЗАЕВ, НО ЗА ВМРО ДПМНЕ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е АРСОВСКА КОЈА Е НЕ САМО НЕСПОСОБНА ТУКУ И НЕЗАИНТЕРЕСИРАНА ЗА СВОЈАТА ФУНКЦИЈА, МИЦКОВСКИ СИГУРНО СЕ КАЕ ШТО ЈА КАНДИДИРАШЕ, ТАА ЖЕНА ЌЕ МУ ЈА УНИШТИ АМБИЦИЈАТА ДА СТАНЕ ПРЕМИЕР

Македонската политика никогаш не била препорачлива за луѓе со понежно здравје и со истенчени морални вкусови, но начинот на кој стигнавме до оваа, најнова Влада, таа навистина ги содржи сите напнати елементи на врвен политички холивудски трилер: неколкумесечната неизвесна борба за моќ беше проследена со низа непредвидливи, ненадејни пресврти во кои балансот на превласта на силите висеше на конец како дебел сом што се превртува во плитката мил фатен на слаби јадици, заканувајќи се во секој момент некому да му се откачи и повторно да отплива во езерските длабочини. На едните тоа и им се случи, па им остана само да раскажуваат рибарски приказни за тоа колку бил голем сомот и што софри ќе послужеа да им појдеше од рака да го уловат.

Во самото финале од составувањето на новата Влада, за да не останеме скратени и од мелодраматични елементи, се погрижи Никола Димитров со начинот на кој реши да ја напушти активната политика во оваа фаза од неговиот функционерски ангажман – сосема различно од „хепиендот“ на Радмила Шеќеринска која триумфално се прости од власта загрната со официјалното американско знаме доделено со високи воени почести од најважниот меѓународен стратегиски партнер на државава. А, заслугите им се споредливи; само умешноста и калкулациите при напуштањето на сцената и влегувањето во историјата, не.

Самата дискусија во Собранието, пак, за гласањето на новиот состав на Владата, ако за момент ги апстрахирате содржините на вообичаените жестоки баражи на критики и фалби, сведочи за општата збунетост на политичките актери, и на оние кои остануваат на власт и на оние на кои кременадлите од неуловениот, неиспечен сом на моќта за момент им замирисаа под носот. Бидејќи, со години наназад, додека Заев играше на теренот, работите во македонската политика се одвиваа како во дефиницијата на Гери Линекер за најважната споредна работа на светот: „Политиката е едноставна игра: 22 играчи во 90 минути ја бркаат топката, а на крајот Струмичанецот секогаш победува.“ Сѐ до последниот локален натпревар…

Но, сега никој точно не знае што нѐ очекува под диригентската палка на новиот премиер Ковачевски. И на опонентите и на многумина од неговата коалициска „репрезентација“ уште им фали „феноменот“ на Заев, па додека тие ламентираат за тоа што ќе беше додека беше да беше, на Ковачевски му се брза да се фати за работа. Ако го задржи темпото со кое ги чита пристапните говори (и оној пат во партијата; и сега во Собранието), можно е работите да фатат таков тек што додека некој чека драмска пауза или интермецо меѓу два чина, Ковачевски веќе да им ја спуштил завесата. Во неговото премиерско експозе е уредно наведен списокот на ургентните проблеми што ќе ги решава неговиот кабинет, од пандемијата и енергијата, до стандардот, инфлацијата и сѐ друго помеѓу, но на врвот му е враќањето на јавната доверба во политичарите да ги решаваат не своите, туку проблемите на граѓаните.

Всушност, таа порака токму соодветствува на неочекуваната стаписаност на опозицијата од реалната опасност Данела Арсовска да му ја „украде“ сценската слава на Ковачевски со покажаните зачудувачки знаци не само на менаџерско неснаоѓање, туку и на блага политичка незаинтересираност за вршење на првата градска функција, дефокусирајќи ги опозициските пропагандни напори за брзи вонредни парламентарни избори заради претпоставената неуспешност на власта на „пиунот на Заев“…

Како што почна со својот мандат, „кралицата на Мицкоски“ до сега не покажува дека разбира оти, ако ништо друго, во политиката треба барем да оставаш впечаток дека си загрижен за решавање на проблемите, бидејќи во спротивно проблемите почнуваат да те решаваат тебе. Ако се прогласиш за ненадлежна за ништо важно – загадување, транспорт, греење, емпатија… – тогаш и потценетиот „пиун“ брзо ќе стане „кралица“, таа, пак, ќе ги урниса амбициите на својот „крал“, а сомот ќе продолжи слободно да плива откачен од јадицата на моќта.

Ехееее, има за тоа метафори и алегории колку сакате! Шаховските партии во нашава политика полесно се губат одошто се добиваат.

ИЗВОР ЦИВИЛ МЕДИА

loading...

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak My Hero Academia Season 3

AnimeFreak Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

Death Note Episode 35

AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 6

AnimeFreak My Hero Academia Season 2 (Dub)