МОЖЕ ЌЕ ГИ ПРИФАТАМ ОСТАВКИТЕ: Заев ќе ги почека извештаите од истрагата за пожарот, па ќе пресече
МОЖЕ ЌЕ ГИ ПРИФАТАМ ОСТАВКИТЕ: Заев ќе ги почека извештаите од истрагата за пожарот, па ќе пресече
(ВИДЕО) Јанко „Јади Бурек“ видно возбуден: Што да мислам за Данела, само дека е со ВМРО, друго ништо не знам за неа...“
(ВИДЕО) Јанко „Јади Бурек“ видно возбуден: Што да мислам за Данела, само дека е со ВМРО, друго ништо не знам за неа...“
ПРВО ОВА Е ЛАЖНА ВЕСТ, А ВТОРО - Колку треба да си ментален да се фалиш дека си успеал да влијаеш на следниот попис да има 200.000 Македонци помалку?
ПРВО ОВА Е ЛАЖНА ВЕСТ, А ВТОРО - Колку треба да си ментален да се фалиш дека си успеал да влијаеш на следниот попис да има 200.000 Македонци помалку?
СУГАРЕВСКИ: Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески
СУГАРЕВСКИ: Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески
БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ - За само 16 дена завршен булеварот Крсте Мисирков
БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ - За само 16 дена завршен булеварот Крсте Мисирков
СТЕВО ЌЕ ИМА СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ООН И ЌЕ ПОСЕТИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО САД, ОСМАНИ ЌЕ ВОСПОСТАВИ ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО ФИЛИПИНИ И ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА САД - ПЕНДАРОВСКИ И ОСМАНИ НА 76-ТА СЕСИЈА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ ВО ООН ВО ЊУЈОРК НА ТЕМА КОВИД 19

Заев со огромна предност пред Мицкоски според анкетата на реномираниот Брима за “Слободен Печат”
Заев со огромна предност пред Мицкоски според анкетата на реномираниот Брима за “Слободен Печат”
ВМРО ДПМНЕ ПРЕД УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ - Анкета на “Брима” за “Слободен Печат”: СДСМ во предност пред ВМРО ДПМНЕ!
ВМРО ДПМНЕ ПРЕД УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ПОРАЗ - Анкета на “Брима” за “Слободен Печат”: СДСМ во предност пред ВМРО ДПМНЕ!

ОРДАНОВСКИ: Ќе треба да поминат најмалку 10 години за пак да бидеме толку блиску до решение, Бугарија стави спектакуларна точка на еден голем политички напор, со драматично нов пријателски вокабулар, што го понуди оваа македонска власт. Како „честитка“ од Софија, Заев доживеа разорен политички аперкат од Борисов!

Ете, така: почетокот многу ветуваше, но и покрај агилноста на проводаџиите од наша страна, на крајот се покажа дека не ни било европски судено. Љубовната романса со Бугарија траеше кратко, едвај две-три години, кога „невестата“ реши да избега во очи на свадбата.

На обете страни имаше луѓе кои искрено се понадеваа дека ова е шанса за историско рестартирање на рутината на поодамна стереотипизираните меѓусебни релации. Но, потегот со ветото е толку радикален, што тој чин, самиот по себе, ќе стане нов историски меѓник од кој ќе се мери новото замрзнување на односите. Барем за сегашниве македонски генерации. Меѓунационално.

Што се однесува до меѓудржавните билатерални односи, тие ќе се тркалаат по веќе познати патеки: посредништва, фасилитатори, нови провокации, притисоци и убедувања, ќе се нуди на потпис и некој нов анекс или нон-пејпер што ќе треба експертски да се „цинцулира“, па нови избори таму или овде кога ништо нема да се случува… Неколку функционери од Брисел имаат ветувачка кариера пред себе за шетања наваму-натаму, ќе стигнуваат утешни европски изјави за охрабрување и ветувања за подобро утре, ќе има и такви со предупредувачки тонови за целиот регион, а и од некој европски мики-маус балкански фонд дополнително ќе се чепне… Европа ќе чека Американците да им ја завршат работата, а Американците ќе ги убедуваат Европејците „да пораснат“ и да ја преземат одговорност за сопствениот двор…

Повторно следуваат години на европска политичка шиацу лумбална „масажа“: Ај малце погоре, тука-тука, ај сеа подоле, посилно…

Сите неопходни анализи за последиците од ветото се веќе направени. Економските последици за Македонија ќе бидат непријатни, што само го засилува одиумот во јавноста кон Бугарија за недостаток на елементарна емпатија и солидарност во време на опасната епидемиска криза. Тешко дека од двете страни во догледно време ќе се најде нов ентузијазам за културна или научна соработка, бидејќи наместо тоа да влезе во нормалната добрососедска агенда за подобрување на односите, сега ќе се претвори во простачка дебата за „патриотизам“ или „национално предавство“. И во ограничените ресурси за инфраструктурни инвестиции, приоритетите – кои, колку-толку, „мрднаа“ од македонска страна, а од бугарска ни толку – сега поинаку ќе се определуваат.

Нема за што да се разговара ни на нови политички средби меѓу Скопје и Софија, бидејќи Бугарија стави спектакуларна точка на еден голем политички напор, со драматично нов пријателски вокабулар, што го понуди оваа македонска власт. Како „честитка“ од Софија, Заев доживеа разорен политички аперкат од Борисов, иако многу се вложи во негувањето на пријателството во тој однос. На пример, секоја идна средба на Бучковски во Софија овде ќе се третира како мал скандал, што само ќе дотура масло на распалениот оган и во надворешната и во внатрешната политика на земјава.

Ќе треба да ги причекаме изборите на крајот од март во Бугарија, но за сега е јасно дека националистичката реторика во Софија носи поени на поддршка на тамошната политичка сцена. Во ситуација кога нема промена на ниту една важна внатрешнополитичка варијабила во Бугарија (напротив, меѓу другото, ситуацијата со ковидот им е многу влошена), бугарското вето за Македонија ѝ донесе видлива поддршка во јавноста на владата на Борисов (и Каракачанов). Таа национал-популистичка реторика во Софија само ќе расте, поттикната и од „натпреварот“ со нивната опозиција. А, потоа, политичката „инерција“ таму на темата „Македонија“ ќе трае со години, како што веќе трае со децении, бидејќи, очигледно, нема ништо ново во врска со тоа во Софија од педесеттите години на минатиот век, наваму.

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

loading...

Website https://animeflv.uk: Watch Momotaro's Sea Eagles animeflv Episode Full anime stream

Soul Eater (Dub) Episode 51

Website https://animedao.nl: Watch El Cazador de la Bruja (Dub) animedao Episode 26 animedao one punch man

4Anime: The Eternal Aseria anime episode 2 online free at https://4anime.biz heroes rising 4anime

Minecraftforum: https://www.minecraftforum.net/members/kissanimemx

Ttlink: http://ttlink.com/animeflixnl