[ВО ЖИВО] НАСТАН НА ДЕНОТ: 26 Конгрес на СДСМ
[ВО ЖИВО] НАСТАН НА ДЕНОТ: 26 Конгрес на СДСМ
СЛИКИ КОИ ГО ЗГРОЗИЈА СВЕТОТ - ИЗРАЕЛ СЕ ПОСРАМОТИ: ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УБИ 52 ДЕЦА И НАД 100 ВОЗРАСНИ ЦИВИЛИ ВО ГАЗА!
СЛИКИ КОИ ГО ЗГРОЗИЈА СВЕТОТ - ИЗРАЕЛ СЕ ПОСРАМОТИ: ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УБИ 52 ДЕЦА И НАД 100 ВОЗРАСНИ ЦИВИЛИ ВО ГАЗА!
Шекеринска: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри Законот, туку да се блокира напредокот
Шекеринска: Целта на ВМРО-ДПМНЕ не е да се подобри Законот, туку да се блокира напредокот
НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: ДВЕ ПОСТАРИ ВМРОВКИ КРШЕА КОМПЈУТЕР СО СТАПОВИ И КАМЕЊА НА СРЕД УЛИЦА
НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: ДВЕ ПОСТАРИ ВМРОВКИ КРШЕА КОМПЈУТЕР СО СТАПОВИ И КАМЕЊА НА СРЕД УЛИЦА
БРАВО СДСМ ПРИЛЕП: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА!
БРАВО СДСМ ПРИЛЕП: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА!
(ВИДЕО) БРАВО СДСМ: Со Законот за наставници ќе ја исправиме неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници
(ВИДЕО) БРАВО СДСМ: Со Законот за наставници ќе ја исправиме неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници
Кој е Хамас, палестинското ВМРО или УЧК, од кого има поддршка и како се вооружува
Кој е Хамас, палестинското ВМРО или УЧК, од кого има поддршка и како се вооружува
ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА НА МНОГУ ПЕРВЕРЗЕН НАЧИН: ЗОШТО СВЕТОТ ДОЗВОЛУВА ИЗРАЕЛЦИТЕ ДА ГИ УБИВААТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ЛЕБАРКИ?!
ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА НА МНОГУ ПЕРВЕРЗЕН НАЧИН: ЗОШТО СВЕТОТ ДОЗВОЛУВА ИЗРАЕЛЦИТЕ ДА ГИ УБИВААТ ПАЛЕСТИНЦИТЕ КАКО ЛЕБАРКИ?!

ОРДАНОВСКИ: Пусти Каракачанов, ме изнасмеа!

Читајќи ја изјавата на Каракачанов по вчерашниот регионален состанок на Берлинскиот процес во Софија, баш слатко се изнасмеав!

Тој во изјавата по средбите, меѓу другото, вели: „Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да коригираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со Северна Македонија.“

Ха-ха-ха-хаааа… Ете, така нашиот драг вмровски „Мали Ѓокица“ од Бугарија замислува дека треба да се реши столетниот „проблем“ меѓу Скопје и Софија: до петок (!), Македонија да ја прифати бугарската историја до 1945 како своја етничка историја, да го прогласи македонскиот јазик за бугарски дијалект и уште пет-шест други слични дребулии, и веќе идниот викенд – ако „видат“ дека тоа е „доволно“ од кабинетот на г. Каракачанов – да започнеме преговори со ЕУ.

Претпоставувам дека во сабота г. Каракачанов во околината на Делчево, на пример, ќе подигне и некаков инженериски воен НАТО-шатор, каде Северна Македонија би ја потпишала оваа капитулација, како што прилега кога ќе ве поразат на бојно поле… Кога тоа „желание“ веќе не му се оствари на г. Каракачанов во далечната 1945. Всушност, што би се рекло: напротив!

Добро, се разбира, не е (новата) провокација во тоа што го изјавил г. Каракачанов – од него ништо подобро не се ни очекува – туку вистинската провокација е можеби неговото присуство до Бојко Борисов на средбите во Софија, што е демонстрација на една дипломатска грубост што не помага во решавањето на непријатната ситуација испровоцирана од Бугарија. Каракачанов, навистина, е потпретседател на Бугарската влада и, формално, тоа би можело да биде оправдување за неговата „назочност“ на Берлинскиот процес. Па, сепак, што бара министер за одбрана на самит на кој се разговара за економска, инфраструктурна, трговска и друга слична соработка?!

За да не остане тажниот впечаток некомплетен, се погрижи Антонио Милошоски, идеолошкиот колега на Каракачанов во Скопје, кој на прес-конференција ни ги прераскажа старите кафеански прикаски за тоа дека актуелното поведение на Бугарија се должи на тоа дека Заев му ветил влез на Борисов во „една банка“ во Македонија и во „една телеком-компанија“, за воопшто да се потпише Договорот за добрососедство со Бугарија и македонското започнување преговори со ЕУ.

Еве, да речеме дека е точно тоа што го кажува г. Милошоски. Всушност, би било изненадување меѓу Заев и Борисов да НЕ се водени разговори за бугарски бизнис-влез во Македонија. Но, што имплицира конспиративниот контекст што го заговара Милошоски?

Целата колумна на Сашо Орданоски на „Цивил Медиа“ на следниот линк.

loading...

AnimeFreak anime: Boku no Hero Academia 5th Season Episode 3

AniWatch aniwatch me: Death Note (Dub) Episode 37