ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ОРДАНОВСКИ: Русофобијата се шири побрзо од омикрон

Западниот бран од откажувања и забрани за настапи на руските уметници и спортисти е една од оние заканувачки последици што големите воени виори, како кога со голема секира се сече тенко дрвце, ги шират и врз општествените области кои не се на „теренот“ на воено-политичките операции и агресорските пропагандни машинерии. Во изминатите десетина дена се откажани или одложени стотици помали и поголеми културни и спортски настани во кои изведувачи се руски уметници или спортски поединци и репрезентации што ги бранат боите на Русија.

Размерите на овие поединечни и групни акти се такви што со право може да се говори за ширење, со брзина на вирусот омикрон, на масовна „цивилна“ русофобија, особено на Европскиот континент. Се работи за вистинска анти-руска емотивна лавина која носи сѐ пред себе. Музеи, концертни куќи, изложбени салони, театри, фестивали, филмови во процес на снимање, големи и мали спортски натпревари, цели спортски првенства, дури и ресторани, па и универзитетски институции, ги откажуваат соработките со руските претставници или сопственици, а настрадуваат и изведбите на делата на одамна починатите гиганти на руската култура и уметност. А, којзнае уште колку се непријатните лични стории за „обичните“ Руси кои, само затоа што се Руси, се изложени на вознемирувања и други непријатности вон својата татковина.

Го заслужуваат ли овие луѓе тоа? Дали се тие виновни за освојувачките ужаси што Путиновиот воинствен режим ги предизвикува во Украина, ескалирајќи ја својата нуклеарна закана и кон цела Европа и светот?

Рационалниот одговор е едноставен: секако НЕ.

Работите, сепак, никогаш не се така едноставни…

ХАЈДЕГЕР И НАЦИЗМОТ

Еден од најголемите 20-то вековни германски филозофи, Мартин Хајдегер, станал член на Нацистичката партија во мај 1933 година, откако Хитлер беше избран за германски канцелар на крајот од јануари истата година, и само месец дена по Хајдегеровото именување за ректор на прочуениот Универзитет во Фрајбург. (Неговиот претходник на ректорската позиција бил итно сменет, бидејќи одбил да постави антиеврејски плакати низ универзитетската зграда, но и самиот Хајдегер ќе си даде оставка од ректорската функција веќе во април 1934 година.) Тоа се години кога многумина и на Запад, меѓу кои и видни политичари и државници, биле воодушевени од почетните успеси и социјалните реформи на „австрискиот молер“, а и по лондонските кино сали му се аплаудирало на „филмските вести“ од случувањата во Германија, пред проекцијата на репертоарските филмови

Да ја скратиме долгата (и позната) приказна на кратко, Хајдегер никогаш не излезе од национал-социјалистичката партија до нејзината забрана на крајот од Втората светска војна, а ни по неа никогаш јавно не се дистанцираше од злоделата на нацизмот и Холокаустот, како и од самиот Хитлер, за кого тврдел дека неговата појава била „неопходност за Германија“. Веднаш по војната е отпуштен од Фрајбуршкиот универзитет, со забрана да држи предавања. Француската воена истрага, водена до 1949 година, не нашла докази за негово кривично гонење, а на почетокот од педесеттите години му е повторно дозволено да држи факултетски предавања, но како обичен професор.

СУДБИНАТА ТАКА САКАЛА?

Целата оваа голема историска контроверза со Хајдегер предизвика многубројни и долгогодишни спротивставени анализи на десетици негови помалку или повеќе прочуени колеги филозофи, во чии студии се тврди или оспорува дека и во продорните филозофски теории на Хајдегер, со кои ја задолжил глобалната филозофска мисла, силно влијание има неговиот политички светоглед. Во 1966 година се согласил на интервју за двајца новинари на германскиот неделник „Шпигел“ (занимливо, едниот од нив и самиот поранешен висок наци-офицер), под услов тоа да се објави по неговата смрт, што е и направено во мај 1976 година. Во него, меѓу другото, тој објаснува дека со своето партиско нацистичко членство се обидувал да го заштити Универзитетот да не биде сосема преземен од нацистите, а дека во нив и во харизматичниот Хитлер гледал како на шанса за германското „будење“ за нов поредок што би бил „на средина“ помеѓу капитализмот и социјализмот.

Во средината на осумдесеттите од минатиот век, еден друг прочуен германски филозофер, Јирген Хабермас, ќе заклучи за Хајдегер дека „тој сосема ги раздвоил своите (политички – м.з.) активности и изјави од самиот себе како емпириска личност и ѝ ги припишал на судбината за која некој не може да биде сметан за одговорен“.

Што ми е зборот, ако оваа макар и површна паралела помеѓу Хајдегер и нацистичкиот режим со денешните руски уметници и научници, во однос на еден друг недемократски режим, како овој на Путин (што е на солиден пат да предизвика нова воена катастрофа од историски меморабилни размери), веќе не делува конфузно?

ДИРИГЕНТОТ НАД ГЕРГИЕВ

Па, одговорот е едноставен: не мора да чекаат да го видат крајот на Путиновата трагична ролја во светската историја, за уште сега јавно да се дистанцираат од Путиновиот режим. За илустрација, земете го примерот со Валери Гергиев, за кого велат дека е најголемиот жив диригент во светот…

Гергиев минатата недела беше церемонијално отпуштен од шеф-диригентското место, што го држеше од 2015 година, во престижната Минхенска филхармонија (Минхен, инаку, е збратимен град со Киев), поради неговото одбивање јавно да се произнесе против Путиновата инвазија на Украина. На овој чин му претходеа или следуваа, со молскавична брзина, едностраното раскинување на долгогодишните концертни соработки на Гергиев – за кого неговиот поранешен менаџер вели дека е „исклучително човечко суштество со длабоко чувство за доблест“ – со Миланската „Скала“, со Фестшпилхаус од Баден Баден, со Хамбуршката филхармонија, со филхармонискиот оркестар во Ротердам (со кого од 1996 година предводи фестивал секоја година), како и неколку настапи со Виенската филхармонија по најпрестижните концертни дворани во Европа и САД.

loading...

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

anime websites Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Entertainment District Arc

anime sites AnimeDao Bleach (Dub)

AnimeDao Naruto (Dub) Episode 213

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 23

free anime AnimeDao Fairy Tail