Лукаревска: Поголем број кандидатки на локалните избори
Лукаревска: Поголем број кандидатки на локалните избори
БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН - ЕВЕ ДОКАЗ ДЕКА СЕ СПРЕМАЛ ДА БЕГА: Камчев ги распослал парите по фирми во 6 земји во светот, но фирмите во земјава ги ставил под хипотека!
БОМБА НА ПОРТАЛОТ А1ОН - ЕВЕ ДОКАЗ ДЕКА СЕ СПРЕМАЛ ДА БЕГА: Камчев ги распослал парите по фирми во 6 земји во светот, но фирмите во земјава ги ставил под хипотека!
Премиерот Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за земјите од В4 за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
Премиерот Заев на работен појадок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група: Благодарност за земјите од В4 за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

ОРДАНОВСКИ: Зошто Пендаровски влетува со грло во јагоди?!

Согласноста помеѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека учесниците во 27-априлските настани во Собранието не се терористи, е суштински нов елемент на современата македонска политичка сцена. Петочната средба, што е договорена врз таа согласност помеѓу овие двајца врвни македонски политичари, претставува драматично поместување на силите во сегашниот „распоред“ на политичките фактори во Македонија.

Во случајот на Мицкоски, во тој став нема ништо ново: тој со години повторува дека претепувањето на пратениците во Собранието и загрозувањето на физичката безбедност на низа други таму присутни лица (меѓу кои и бројни новинари) е, буквално, заслужено, бидејќи одлуката на тогашното ново собраниско мнозинство да формира влада претставувала провокација за оние кои упаднаа, а потоа и дивееја, во Собранието – меѓу нив, и самиот тој, на време заминат пред почетокот на тамошниот хаос. Неговата поддршка за тие насилства, во невешто спакувани благи дистанцирања од најкрвавите моменти во таа драма, континуирано ја искажува на јавната сцена од 2017 година до денес.

Во случајот на Пендаровски, ситуацијата е покомпликувана: неговото експлицитно изјаснување со поддршка на ставот на опозицијата наиде на, најблаго речено, зачуденост, па и збунет молк во јавноста, бидејќи за разлика од „леснотијата“ со која Мицкоски постојано ги брани најрадикалните националистички и шовинистички сили во својата партија, невозможно е Пендаровски да не ги разбира политичките импликации од објавувањето на својот став по ова прашање.

Нивната средба во петок, очигледно, ќе помине во разговор за тоа на кој начин да се ревидира судскиот процес за 27-ми април. Во него веќе има и пресуди, а Обвинителството работи на докажување на вмешаноста на инспираторите, организаторите и „командантите“ на овој акт на тероризам, со веќе јасно докажани намери за ликвидации во собраниската сала. Просто е неверојатно, по неколку години потрошени на осамостојување на правосудниот систем во државава токму од политички влијанија – што е во фокусот на најсуштинските реформи на кои инсистираат ЕУ и НАТО – претседателот на државата и лидерот на опозицијата да вршат ваков флагрантен, нескриен притисок врз судството за процеси кои се во тек.

Следствено, можеби Пендаровски се подготвува за користење на своето уставно претседателско право за помилување на осудените и оние кои тоа, евентуално, ќе бидат, па средбата со Мицкоски мисли да ја искористи како своевиден „вовед“ во таквата своја замисла? Во Македонија многумина не се согласуваат со пресудата за тероризам, но далеку помалку се оние кои немаат граѓански трауми од сличната постапка (не само политички контроверзна, туку и незаконска) на неговиот претходник Ѓорѓе Иванов во 2016 година, што сè уште предизвикува правни и политички последици, а е недвосмислено поврзана и со бруталните собраниски настани во април, следната, 2017 година.

Можеби е тоа потег со кој Пендаровски мисли дека ќе се поттикне процесот на „национално помирување“ во политички поделената Македонија, шанса за некаков „нов почеток“, па верува дека нему му прилега и ваква политички рискантна, но „државничка“ мисија?

Ако му е тоа намерата на претседателот, влегуваме во нов политички „вертиго“ со несогледливи домашни и меѓународни последици за државава. Да не излезе нацијата повеќе (и поинаку) поделена по таквата иницијатива на Пендаровски, во соработка со Мицкоски… Во моментов не може ни да се согледа реакцијата на другите, етнички не-македонски заедници во државава, а да не говориме за поттикот што би го добиле најрадикалните елементи, подготвени за идни насилства, кои реално постојат и делуваат во Македонија.

Дополнително, бидејќи во политиката ништо не треба да се гледа вон поширокиот контекст, однесувањето на Пендаровски доаѓа во деликатен момент за СДСМ и Заев, каде пред-конгресно се активирани и стари и нови партиски кујни за намалување на партиската моќ на сегашната тамошна владејачка гарнитура. Петочната средба меѓу Пендаровски и Мицкоски сигурно ќе добие рефлексија во шпекулациите за тоа кој сè е на списокот на оние кои со задоволство би го виделе и Заев и СДСМ ослабени пред локалните избори годинава, со притисок за вонредни парламентарни избори што поскоро, после кои Заев би заминал „во историјата“.

Конечно, можеби е средбата Пендаровски-Мицкоски наменета за итра „трговија“ околу поддршка на опозицијата за компромисот што ќе треба да се постигне со Бугарија? Иако е неверојатно дека до таков компромис може – а и треба – да се стигне со кршење на кревкиот, едвај подисправен „’рбет“ на македонското правосудство преку вакво неверојатно политичко газење врз пресудите во еден од најкомпликуваните правосудни случаи во последните 30 години.

Како и да е, се чини дека во петок Мицкоски добива извонредна можност за авансирање на своите позиции и во сопствената партија и на пошироката политичка сцена. Тој ќе биде ѕвездата на настанот.

Пендаровски, пак, ќе ја добие првата можност за бројни дополнителни објаснувања (можеби и до крајот на својот претседателски мандат) за тоа што сакал „писателот“, всушност, да каже на полето насадено со јагоди…

Сашо Орданоски

извор: Цивил

loading...

AnimeTV all anime tv shows: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

AnimeDao animedao pokemon: Attack on Titan Season 3 Episode 12