Османи го предупреди Брисел за падот на ентузијазмот за ЕУ во земјава

Македонскaта јавност е изморена и разочарана од предолгото чекање за влез во ЕУ – порача шефот на дипломатијата Бујар Османи пред комисијата за надворешни работи на Унијата. Османи кој е во работна посета на Брисел, пред европратениците истакна дека во време кога се случуваат тектонски промени на глобално ниво, долгите блокади прават штета која би можела да стане непоправлива. Разговорите со Бугарија како што кажа тој се во тек и побара од Унијата да донесе решителни одлуки, односно да и даде на земјава датум за почеток на преговори до крајот на француското претседателство бидејќи како што кажа, прашањето повеќе не било за кредибилитетот на Унијата туку за безбедноста на континентот.

-Блокадата на нашиот долг европски пат кај граѓаните донесе најблаго речено, евро разочарување кое само се засилува. Од прозападни и про европски ргаѓани имаме евро фрустрирана јавност, вели Османи.

Обраќањето на Османи пред европратениците, сепак не помина не забележано од бугарскиот европратеник Јорданов кој се пожали дека терминтие општа или заедничка историја меѓу Македонија и Бугарија не биле доволни, и земјава треба да признае дека има како што кажа, заедничка бугарска историја.

-Кажавте за тоа како се развивала демократијата во Македонија. Јас добро паметам дека навистина добро се разви деморкатијата до степен што граѓаните слободно нападнаа во парламентот на Македонија и ги тепаа пратениците. Тоа ли е напреднатата демократија во Македонија? / Ние со вас имаме заедничка историја и таа е направена од еден народ и тоа е бугарскиот народ, вели Александар Јорданов – Бугарски европратеник.

Османи пак му одговори дека регионот има доволно историја, а во моментов потребна е просперитетна иднина.

-Мислам дека нашиот регион има доволно историја, тоа што ни треба е заедничка иднина. Ни треба повеќе просперитетна иднина во овие непредвидливи времиња. Предизвиците со кои се соочува регионот се заеднички и за вас и за нас, вели Османи.

Европското досие на земјава и перспективите за почеток на преговори до јуни годинава биле главна тема и на работниот појадок организиран од грчкиот министер Дендиас. На средбата на шефови на дипломатии на земјите членки на ЕУ, била и бугарската министерка Генчовска, а присуствувале и еврокомесарот Вархеји, но и високиот претставник Жозеп Борел кој минатата недела беше во посета на земјава и кој во неколку наврати побара почеток на преговори за Македонија и Албанија час поскоро.

sunwin.apk mới nhất game sunwin game bài sunwin

sunwin tài xỉu tải sunwin sunwin apk

sunwin game bài sunwin game sunwin

sun win

tải sunwin game sunwin sunwin.apk mới nhất