ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

Османи и Маричиќ со Клеман Бон: Без одложување треба да почнат преговорите со ЕУ – јасна поддршка од Франција

Јасна и недвосмислени порака за поддршка од Франција и пораки дека Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори со Европската Унија (ЕУ), добиле вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, на средбата во Париз со Клеман Бон кој е државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

Во фокусот на нивните разговори, велат од МНР, било европското досие на Северна Македонија и можноста за напредок во евроинтеграциите за време на актуелното претседателство на Франција со Советот на ЕУ.

„Соговорниците се согласија дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнуваат преговорите за членство во Унијата, без одложувања. Соговорниците исто така разменија мислења и за сетот на реформи, неопходни за реализација на европската агенда, со посебен акцент на клучните области како што е владеењето на правото, борбата против корупција и организираниот криминал, а во согласност со новата Методологија за проширување на ЕУ, иницирана од Франција“, соопштија од МНР.

Оттаму додаваат дека зборувале и за најавената Конференција за Западен Балкан во јуни, пред да заврши француското претседателство, а биле најавени и политики на инвестирање со цел земјите од регионот економски да се интегрираат.

Маричиќ и Османи го информирале Бон и за новата политичка клима помеѓу двете нови влади во Северна Македонија и Бугарија и нагласиле дека има нова енергија и иницијатива за меѓусебните односи на двете држави.

„На средба соговорниците разговараа и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција, а се зборуваше и за актуелните предизвици на целиот континент, со посебен фокус кон состојбите во и околу Украина – за кои како НАТО сојузници беше изразен заеднички став дека треба да бидат вложени сите напори за дипломатско надминување на предизвиците – додаваат од МНР.

Претходно, за време на посетата на Париз, вицепремиерот и шефот на дипломатијата се сретнаа и со Изабел Думон која е советничка за континентална Европа и Турција на францускиот претседател Емануел Макрон, како и со сенаторот Роберт Бадинтер кому Османи му врачи признание по повод 30 години независност на Северна Македонија.

Од утре, Османи и Маричиќ ќе се придружат на владината делегација во Брисел каде што ќе имаат средби со највисоките претставници на ЕУ и НАТО институциите. Владината делегација ќе биде предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кому ова ќе му биде прва официјална посета на Брисел од преземањето на функцијата.

loading...

https://tai.go88.is/

sunwin jetzt erst recht chơi sunwin có bị bắt không sunwin live chat