Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со Андреа Касконе, директор за Балканот во италијанското МНР.
Главна тема на разговорот беше европската перспектива на нашата држава, при што директорот Касконе порача дека Северна Македонија заслужува отворање на пристапните преговори за членство со Унијата за што Италија ќе продолжи силно да се ангажира.
Соговорниците разменија мислења и за надворешнополитичките и безбедносните приоритети на двете земји во пресрет на војната во Украина, како и за продлабочување на билатералната соработка во области од заемен интерес.