Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

Османи по средбата со Петков: Ги штитиме нашите интереси, инаку ќе имавме решение многу поодамна

Се стремиме за демократски и либерални вредности рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на денешната куса средба што во Битола ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата колешка, министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Османи и Петков ги потврдија заедничките напори кои земјава ја водат кон Европската Унија.

– Јас сум во комуникација со министерката, а денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што зборувам јас за документ, всушност е за португалскиот кој што се уште е основа за постигнување на договор што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период, меѓутоа сметам дека тој предлог останува во сржта на наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни.

Според Османи, коментарот вчера на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 којшто уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени па после тоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.

– Меѓутоа, тие прашања се помалку важни. Битно е да продолжи комуникацијата. Очигледно, како што реков, и во Бугарија ова доста предизвикува различни ставови па и во рамки на коалицијата. Нашите позиции се јасни. Ние се движиме во рамки на позициите кои што ги имаме во Парламентот. Сметаме дека предлогот на меѓународната заедница е единствениот официјален предлог на ЕУ претставен преку тогаш португалското претседателство што беше преземено потоа од словенечкото претседателство и понатаму останува тој документ – португалскиот предлог што ние сме го прифатиле и сметаме дека треба да биде основа за решение, рече Османи.

Шефот на дипломатијата оцени дека овие чести средби можат само да ја подобрат таа динамика и покрај сите разлики.

– Очигледно дека имаме разлики. Имаат разлики партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите. Не е лесно. Комплексно прашање е, меѓутоа ние сме должни како политичари да испорачаме на граѓаните европска перспектива притоа штитејќи ги нашите интереси. Покажавме дека можеме да ги штитиме нашите интереси, инаку ќе имавме решение многу поодамна, истакна министерот Османи и додаде дека целта е Европската унија да се соедини во овие демократски и либерални вредности кон кои сите се стремиме, истакна Османи.

loading...

go88 là trò gì

sunwin ăn đăng nhập game sunwin đăng nhập game sunwin