Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
Маричиќ: Ќе инсистираме позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во преговарачката рамка
Маричиќ: Ќе инсистираме позициите кои ги изнесовме да бидат вградени во преговарачката рамка
(ВИДЕО) Ексклузивна репортажа од „Аџибадем Систина“, 20 години од раѓањето на првото бебе од епрувета!
(ВИДЕО) Ексклузивна репортажа од „Аџибадем Систина“, 20 години од раѓањето на првото бебе од епрувета!

ОСМАНИ: Пријатна средба со советничката за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон, како потврда за македонско – француското пријателство

Франција е докажан пријател и партнер на Република Северна Македонија и во процесот на евроинтеграциите и во процесот на реформите, важни за нашите граѓани и нашето општество.

🇲🇰 и 🇫🇷 имаат одлична билатерална соработка која дополнително ќе ја продлабочуваме во сите клучни полиња за забрзување на прогресот на Северна Македонија.

Очекуваме поддршката што Северна Македонија ја има од официјален Париз, а која многупати досега била потврдена, ќе продолжи и во иднина.

Транскрипт од изјавата на МНР, Османи на македонски јазик:

Најпрво, еве и вака јавно, искрено да се заблагодарам на државниот секретар надлежен за европски прашања, почитуваниот пријател, Клемен Бон, за ова денешно гостопримство, тука во Париз, во престолнината на Француската Република.
Очигледно разговараме за европската досие на Северна Македонија и во таа насока потенцијалите на Француското претседателство за напредок во нашите европски интеграции.
Денес добивме јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција; пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес.
Го информирав г-нот Клемен Бон за создадената нова политичка клима меѓу двете нови влади во Северна Македонија и Бугарија, која очигледно покажува една нова енергија, нова иницијатива во нашите меѓусебни односи, што говори и за сериозноста и посветеноста на двете земји за да се постигне напредок.

Ние ги разбираме грижите на ЕУ; потребата за трансформација на Унијата, за нејзино продлабочување пред нејзиното проширување, и нашата позиција е тука јасна – ние силно ја поддржуваме Конференцијата за Иднината на Европа, особено во контекст и на новата Методологија за преговарање, која ја сметаме и за еден успешен предвесник на целиот процес.
Секако зборувавме и за актуелните предизвици на целиот континент, со посебен фокус кон состојбите во и околу Украина – за кои изразивме заеднички став дека треба да бидат вложени сите напори за дипломатско надминување на предизвиците, преку активни чекори за де-ескалација на состојбата во регионот, особено од страна на Русија.
Уште еднаш – Благодарам Клемен за оваа посета, за оваа средба, и еве јавна покана за посета на Скопје, на Северна Македонија, и секако на целиот регион.
Мерси!

Транскрипт од изјавата на ЗПВ, Маричиќ на македонски јазик:
Пред сѐ би сакал да се заблагодарам на господинот Бон, министер и државнен секретар за европски прашања за приемот тука во Париз и за денешната средба. Ова е наша прва посета после посетата на Софија и се радуваме што сме тука на почетокот на француското претседателство со Советот на Европската Унија.

Ги повторивме заложбите на новата Влада за текот на реформите, зајакнувајќи го интензитетот, особено во делот на владеење на правото, борбата против криминалот и корупцијата и други области. Исто така ја истакнавме нашата посветеност на договорот за дијалог со Бугарија и за негување на добрососедските односи. Би сакале да видиме резултати од овој нов пристап, инвестираме многу енергија во новиот пристап на двете Влади и веруваме дека отворениот дијалог ќе донесе резултат во изнаоѓањето на решение, врз основа на европските вредности.

Сакаме да ја прошириме нашата заложба за зајакнување на нашите институции и да ги подготвиме заедно со Европската Комисија и земјите членки, вклучувајќи ја и Франција за зајакнување на нашите институции и нивната подготвеност за почеток на пристапните преговори.

Пристапните преговори се процес кој ќе трае долго, повеќе од една деценија, но многу е важно за нас да се зачуваат нашите институции во рамката на реформските процеси, да се задржи позитивната трансформација на нашите политиките и приспособувањето кон европските политики и законодавство.

Се разбира секако да се зачува фокусот на Европската Унија кон Западен Балкан но исто така да се чува Западен Балкан на „шините“ на правилата и вредностите на Унијата.

Ние сме навистина благодарни што француското претседстелство има цврста програма за Западен Балкан во текот на овие шест месеци и очекуваме да дадеме свој придонес во важните дискусии за Западен Балкан, како што се млади, безбедност и животната средина бидејќи ова се теми за нас многу корисни и би сакале со Франција и останатите земји членки да испорачаме резултати. Северна Македонија е спремна да испорача резултати и ја очекуваме француската поддршка во нашите реформи.

Транскрипт од изјавата на државниот секретар за европски прашања во МЕНР на Франција, Бон на македонски јазик:

Многу сум среќен што денеска имав средба вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ и министерот за надворешни работи, Османи во Париз за да ги продолжиме разговорите со новата Влада за европската иднина на патот кон членство во ЕУ на Северна Македонија, затоа што сакаме да Ве охрабриме како Франција и како актуелен претседавач со Европската унија.

Бев информиран и ги поздравувам динамиката на разговори во последните недели што двете Влади и во Северна Македонија и во Бугарија ја имаат и успеаја да продолжат со позитивна и конструктивна волја да се обидат да изнајдат решенија за надминување на разликите и тешкотиите. Ние Ве поттикнуваме и охрабруваме во овој процес и во овие разговор. Во улогата што ја имаме како претседателство со ЕУ и членки на ЕУ Ве охрабруваме во овие дискусии и ќе бидеме на располагање целосно достапни да го поддржиме, помогнеме или да го олесниме процесот. Се надевам дека во наредните недели, во наредните месеци ќе можеме да ја надминеме оваа етапа за отворање на дискусиите околу преговарачката рамка што беше предложена пред неколку месеци, бидејќи е многу важно за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан и на Европската Унија, воопшто. Значи, ние сме посветени, оптимисти и претпазливи бидејќи дискусиите сеуште траат.

Верувам дека постои добра волја, во дискусиите меѓу Софија и Скопје, но и во Европската Унија. Значи мислам дека ќе имаме добри резултати во следните недели. Што се однесува до Франција, како што рече претседателот Макрон, ние во јуни ќе организираме посебна Конференција за Западен Балкан која ќе има поинаква, но со позитивни иницијативи во однос на еколошките транзиции и инвестиции и во многу други многу конкретни области за да се подобри целосната слика на регионот. Во ваков дух поминаа дискусиите денеска во Париз.

loading...

Go88 - Tải Go88 Thiên đường Game Bài Đổi Thưởng lớn nhất nhà cái go88 ở đâu go88 ko rút được tiền

link tải sunwin ios pm hack sunwin chơi sunwin