ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
ЗАЕВ НА ФЕЈСБУК: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ ОСИГУРАНИ И ГАРАНТИРАНИ ВО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА И СО ТОА ПРИЗНАЕНИ И ПРИФАТЕНИ ОД ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
РАМА: Прифатетет го предлогот, зашто нема да има друг предлог. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Чисто е - одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
Ковачевски утре ќе се сретне со Села
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
ГРАД СКОПЈЕ: Бројни интервенции извршени од страна на екипите на јавните претпријатија по невремето кое го зафати Скопје
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
МВР НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАМЕРАТА ДА ВОВЕДЕ РЕД НА ПАТИШТАТА: Во еден ден казнети 247 возачи
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ЕФТОВ: ПРОТЕСТИТЕ СЕ БИТКА ЗА РАНЕТИТЕ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА, ОЧАЕН ОБИД НА МИЦКОВСКИ ДА ГИ СПАСИ ДРУГАРИТЕ И ПАРТИСКОТО СЕДИШТЕ
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА
АПАСИЕВ СЕ ЗАКАНУВА: ОД УТРЕ ПОЧНУВАМЕ СО НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ, ЗА ПОЧЕТОК ЌЕ ФРЛАМЕ ЈАЈЦА А КАМЕЊА КОН ВЛАДАТА

Османи-Шмид: Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ во 2023 демонстрира сериозна проактивност на меѓународната сцена

Министерот за надворешна работа, Бујар Османи беше домаќин на Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, која е во прва работна посета на Северна Македонија во овој капацитет.

На средбата се разговараше за следните чекори во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година, подготовките кои се во тек; активностите на работната група во МНР како и воспоставувањето на структурата која ќе го понесе големиот товар од претседавањето во Виена; како и за консултативниот процес околу приоритетите и агендата на Претседавањето.

“Како земја ние демонстрираме проактивност, капацитет и волја за преземање на сопственост и одговорност врз глобалните текови во време кога тие се исполнети со несигурност и непредвидливост. Впрочем, тоа и се очекува од нас, како земја која гради сопствен успешен модел на функционална мултиетничка демократија; земја – членка и на НАТО алијансата, и сериозен претендент за членство во Европската Унија“, истакна Османи.

Османи ја информираше Шмид, дека се вложуваат максимални напори процесот на претседавање да биде отворен, инклузивен и целисходен; дека Северна Македонија има капацитет да одговори на оваа задача како и дека во рамките на претседавањето со ОБСЕ ќе бидеме ориентирани кон креирање решенија кои ќе овозможат напредок и позитивни придвижувања на процесите во Организацијата.

Соговорниците се согласија дека претседавањето со Организацијата сериозно ќе придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер и сериозен контрибутор во зачувувањето на мултилатерализмот, како најважната цивилизациска придобивка на човештвото кое обезбедува долгорочен мир, стабилноста и соработката.

Веќе од идната година Северна Македонија влегува во ОБСЕ Триото заедно со овогодишниот Претседавач Шведска, како и, претседавачот во 2022 година, Полска. Веќе наредната година ќе претседаваме и со Групата на медитерански партнери за соработка на ОБСЕ, како генерална проба за нашите обврски како Претседавач со организацијата во 2023 година.

ОБСЕ преставува најголемата регионална организација на северната хемисфера, која опфаќа 57 земји-учеснички од Ванкувер до Владивосток, протегајќи се на три континенти Европа, Азија и Америка.

Скопје, 22 октомври 2021 година

loading...

go88 android go88 android go88 dow

Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin lừa đảo tool tài xỉu sunwin cho android