Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

Османи: Вклучувањето на Бугарите во Уставот не е спротивно на нашите интереси

Прашањето на краткото име, прашањето на говорот на омраза, на рехабилитација на жртви на комунизмот, на работата на историската комисија, прашањето на немешање во внатрешните работи на Република Бугарија на кое што се надоврзува и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот, се петте точки кои се постојана тема на разговорите со Бугарија и во рамки на обидот за одржување на меѓувладината комисија и надминување на спорот со цел деблокирање на пристапните преговори за земјава. Барањето за вклучување на бугарската заедница во Уставот не е спротивно на нашите интереси, бидејќи земјава никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Северна Македонија.

Ова го истакна денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање во врска со патоказот со пет плус едно прашање, кој како можно решение за спорот вчера на самитот во Брдо беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.

-Сметам дека Бугарија се поместува од првичната нерационална позиција за еден народ во две држави во позиција во која што велат има една бугарска заедница со свој идентитетски и културни атрибути од таа на мнозинската заедница. Северна Македонија никогаш немала проблем да признае различни етнички групи кои имаат можност да ги манифестираат своите идентитетски, културни, историски атрибути, па ниту на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Така што, самиот факт што заедно со другите заедници – македонската, албанската, турската се бара како посебна да се вклучи и бугарската заедница е на линија на ставот дека во РСМ постојат различни етнички заедници кои имаат право да ги искажат своите атрибути, меѓутоа тоа ќе се случи како што кажа и премиерот во моментот кога ќе се отвори Уставот заради членство во ЕУ. Ние немаме никаков проблем да ја вклучиме и хрватската заедница и другите заедници бидејќи таков ни е концептот на уредување на државата во којшто признаваме колективно организирање на граѓаните врз основа на етничките карактеристики, вели Османи.

За другите посочени прашања од патоказот, рече дека се прашања коишто се разговараат подолго време за кои сметаат дека може да се најде решение.

Според него, не е можен реципроцитет по однос на вклучување на македонското малцинство во Уставот на Бугарија бидејќи вели, станува збор за две различни уставни уредувања по однос на организација на граѓаните врз основа на етничката припадност во Северна Македонија и во Република Бугарија, а Бугарија согласно нејзиниот Устав не препознава, за разлика од нас, организирање на граѓаните врз основа на етничката припадност.

-Значи, ниту има турска заедница, ниту има каква било друга заедница затоа што уставното уредување е такво да тие не признаваат организирање на етничка основа. За разлика од Уставот на РСМ кој што познава и признава организирање по етничка основа и затоа тој реципроцитет не е можен бидејќи РСМ се има обврзано со договорот дека нема да се меша во внатрешното уредување на Република Бугарија, односно во ова уставно уредување кое што не познава организирање по етничка основа, но тоа не значи дека граѓаните немаат право да се изразат како што сакаат, посочува Османи.

На прашањето дали ноември е краен рок за усогласување на патоказот, за да добиеме зелено светло во декември, шефот на дипломатијата посочи дека тоа е цел на Владата.

-Мислиме дека тие пет точки, заедно со шестата, а мислиме дека треба да има и седма точка – тоа е одлуката за одржување меѓувладина конференција, доколку може да се усогласат како пакет, мислам дека може да биде решение за надминување на разликите и ние ќе работиме на тоа. Нашиот прв таргет е 14 декември кога се одржува состанок на Општиот совет на ЕУ, рече министерот Османи.

Разговорите со Софија, како што појасни, се водат во рамки на декларацијата донесена од нашето Собрание и од насоките на Владата, и дипломатијата има можност во тој простор да најде решение кое ги задоволува двете страни.

-Овој процес мора да ги изнесе како победници двете страни, инаку нема да има одржливо решение, истакна Османи.

Според него, спорот со Бугарија останува едниствена пречка на патот кон ЕУ интеграцијата.

-Дипломатијата и дипломатските успеси не се трка на 100 метри. Тоа е маратон во кој што се јавуваат комплексни пречки на патот. Шпанија чекала дури 24 години од денот на апликација до денот на членството, или Велика Британија 11 години со две вета од Франција пред да стане членка на ЕУ. Со тоа воопшто не ја оправдувам оваа спорост на ЕУ да создаде појасна предвидливост во процесот бидејќи очигледно ние се движиме на работ на кредибилитетот на процесот. А кредибилитетот е најсилната енергија која што го движи овој регион напред, што не држи сите заедно кон една идеја. Меѓутоа, тоа не значи дека ние имаме алтернатива и дека ние ќе се откажеме, вели Османи според кого мора да бидеме упорни да стигнеме до ЕУ затоа што тоа е, вели, консензуално барање на нашите граѓани.

Запрашан во однос на тоа дали Декларацијата од Самитот од Брдо значи уназадување на прошцесот на проширување бидејќи не даде датуми, шефот на дипломатијата посочи на примерот со изјавата на поранешниот претсдетаел на ЕК Жан Клод Јункер во 2018 кога излезе со една индикативна временска рамка за 2025 како година во која што може да станат членки Србија и Црна Гора, а која потоа излезе дека е нереална.

– И оттука, сметам дека спомнувањето на датуми без да има суштински прогрес кој гарантира предвидливост не ни помага на нас во регионот. Нас ни помага одржување на кредибилитетот на процесот. Ние сме лакмус тестот дали овој процес којшто го промовира ЕУ како перспектива за Западен Балкан е воопшто кредибилен или не, вели Османи.

За економско – инвестицискиот план, смета дека не е компензација, ни алтернатива за нашето членство, туку е суштинска поддршка на процесот на трансфорамција на регионот.

-Тие 29 милијади евра се за реализација на зелената агенда во регионот. Зелената агенда не се само климатски промени, зелената агенда е начин на живот, е инфраструктура е зелена економија, зелени финансии, зелен начин на живот. Тоа се новите трендови и тоа се обидува ЕУ да го помогне во Западниот Балкан, рече Османи.

Тој подвлекува дека процесот на пристапни преговори има за цел членство, меѓутоа не гарантира членство, посочувајќи на ситуацијата со Турција која што со години и децении преговара.

-Во моментот во ЕУ стравот е дека почеток на преговори значи веднаш членство на сите шест земји од Западен Балкан. ЕУ очигледно тешко функционира и затоа го спомнува и прашањето на капацитетот бидејќи има потреба за продлабочување пред проширување, односно подобрување на функционалноста со цел нови шест членки да не ја комплицираат уште повеќе функционалноста на Унијата. И сметаме дека е тоа легитимно, оценува Османи.

loading...

go88 êm go88 ơk tải go88

https://sunwin.gg/