ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, ДИМЧЕ АРСОВСКИ ДЕНЕСКА ЕМ СЕ ИЗГЛУПИРА ЕМ ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА - СЕДИ ДИМСА, КЕЦ!
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
Христо Иванов: Доколку РСМ не го прифати францускиот предлог, ризикува целиот процес да почне од почеток
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ДЕНКО МАЛЕСКИ: Што ќе правиме со францускиот предлог, ќе го прифатиме или ќе го одбиеме?! Ќе бидеме ли како Палестинците кои секогаш одбиле се што им се нудело и се полошо им е како тече времето...
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ЕВЕ ЗОШТО ЕКСПЛОДИРА АДЕМИ: ВМРОВЦИТЕ МУ ЈА ИСЕКЛЕ РАКАТА СО ФРЛАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
Маричиќ на средба со германски функционери: Имаме перспектива – мора да ја задржиме
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ СО ПРАВЕЊЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕ БЛОКИРА НАЗНАЧУВАЊЕ СУДИИ ЗАТОА ШТО ТАКА МИСЛАТ ДЕКА ЌЕ СЕ СПАСАТ ОД ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
(ВИДЕО) ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ТАКТ АРБЕР АДЕМИ КОЈ ВО МОМЕНТИ НА БЕС ПОЧНА ДА ГИ МАВА СО ШИШИЊА И ФИЛЏАНИ!
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ
Бугарската влада официјално во оставка, контрадикторни најави за повлекувањето на Борисов од челната позиција на ГЕРБ

Османи во Берлин на средби со Мас и Рот

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија, при што оствари средби со својот домаќин, германскиот сојузен министер за надворешни работи, Хајко Мас и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.

Во фокус на разговорите на средбата меѓу Османи и Мас беа подготовките пред Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ, надминувањето на разликите со Бугарија како и најновите внатрешно – политички состојби во нашата земја.

„ Факт е дека Берлин е најсилен предводник за европската перспектива и на Северна Македонија, како и на целиот регион. Имаме важен Самит пред нас и поддршката од партнерите како Германија е неопходна, прво и за да ги надминеме разликите со Бугарија за да се одблокира процесот, но и да го вратиме европскиот кредибилитет во регионот, спротивставувајќи се со тоа и на скептицизмот во ЕУ “, истакна Османи.

Средбата со државниот министер за Европа, Рот беше искористена да се реафирмира германската позиција за нашето европско досие, за актуелностите од регионален аспект, но и да се дискутира за следните чекори и реформи, потребни за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

„Балканот, географски не е на европската периферија, а заради тоа не смее да биде ниту на периферијата на политичкото внимание. Нашата дипломатија е таргетирана и посветена на себевложување во градењето добрососедски релации, регионална соработка и реализација на визијата за видлива и достижна европска иднина“, нагласи Османи.

loading...