Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба Ковачевски со амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ: Регионот ги унапредува односите и е од геополитичко значење за ЕУ, којашто е на потег
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
Средба на претседателот Пендаровски со црногорскиот премиер Абазовиќ
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
(ВИДЕО) ЕУФОРИЈА ВО КАВАДАРЦИ: ФК ТИКВЕШ ВЛЕГУВА ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и турскиот град Конја
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
Средба во Давос на претседателот Стево Пендаровски со нобеловецот по економија Џозеф Штиглиц
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“ на Светскиот економски форум во Давос
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува со МПЦ, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ
ПЕНДАРОВСКИ ВО ДАВОС ОСТВАРИ КРАТКИ СРЕДБИ СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ И СО ПРЕМИЕРОТ НА КОСОВО КУРТИ

Основниот граѓански суд пресуди дека „Од нас за нас“ е одговорно за клевета сторена против ХЕРА

Организациите кои шират лаги за сексуалното образование најмногу им штетат токму на децата и младите

На 3 февруари 2022 година, Граѓанскиот суд Скопје донесе пресуда против здружението „Од нас за нас“ за сторена клевета против ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација поради континуирано изнесување невистинити факти за самата организација и за сеопфатното сексуално образование преку неговата Фејсбук-страница. Поточно, Граѓанскиот суд потврди дека невистините изнесени од страна на „Од нас за нас“ се штетни за угледот на ХЕРА како организација која повеќе од 20 години работи на подигање на јавната свест, особено кај младите, за важноста од добивање научно-засновани информации за нивната безбедност, добросостојба и репродуктивно и сексуалното здравје. Токму поради ова, Судот го задолжи Здружението да ја отстрани лажната содржина од својата Фејсбук-страница.

Судот постапуваше по тужба за утврдување граѓанска одговорност за навреда и клевета што ХЕРА ја поднесе лани, по првиот бран лажни и манипулативни информации за неа и за сеопфатното сексуално образование што се појавија во одредени групи на социјалната мрежа Фејсбук. Оттогаш вакви невистинити информации се креираат и споделуваат уште поактивно со една единствена цел – да се предизвика страв и паника кај граѓаните, поради што Судот одлучи дека треба да бидат отстранети од социјалните мрежи.

Оттука, апелираме до сите граѓани, а особено до родителите и младите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации коишто на Фејсбук ги споделуваат здружението „Од нас за нас“ и нему сличните. Иако се претставуваат како заштитници на правата на децата, нивните објави за сеопфатното сексуално образование се полни со ксенофобија, расизам и нетолеранција и се базирани на теории на заговор поради што го загрозуваат јавното здравје и се косат со правото на децата да имаат пристап до точни информации, како и до знаења и вештини кои во иднина ќе им овозможат да бидат побезбедни и поздрави.
Од неодамна овие чинители се дел и од т.н. Коалиција за заштита на децата меѓу чии партнери има организации и политички партии коишто се против правото на абортус и репродуктивната слобода, како и лице за кое Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе даде мислење дека сторило продолжено и повеќекратно вознемирување, со што се поттикнува омраза кон одредена маргинализирана група во општеството.

Потсетуваме дека сеопфатното сексуално образование придонесува во заштитата на здравјето и за правилен емоционален развој на младите. Преку него, младите стекнуваат информации за своите граѓански права и за правата на сите останати граѓани во земјата, учат како да препознаат и да се заштитат од вознемирување и насилство, вклучително и на интернет. Учат и што значи да постои рамноправност меѓу мажите и жените и како да се грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје. Сеопфатното сексуално образование е препознаено и од многу меѓународни организации, Советот на Европа и агенциите на ООН како неопходно во борбата против родовите стереотипи и насилството врз жените и децата, но и како образовна алатка за заштита на здравјето, заради што и фигурира во низа препораки што ѝ се дадени на нашата земја. Дека овие теми се суштински важни за развојот на децата потврдуваат и нашите истражувања и искуства од терен, собрани преку долгогодишната програма за неформално сеопфатно сексуално образование и тоа не само од младите, туку и од родителите и наставниците.

Токму затоа, ХЕРА ќе продолжи да следи како се објавуваат содржини за сеопфатното сексуално образование на социјалните мрежи и силно ќе се спротивстави на какви било лаги, манипулации и теории на заговор кои, на крајот на краиштата, најмногу им штетат токму на децата и младите.

loading...

watch anime online. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

Dragon Ball Z

GoGoAnime Dragon Ball Z

watch anime online GoGoAnime My Hero Academia Season 5 (Dub)

Attack on Titan Season 2