Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
Противпожарните единици во Кавадарци и Неготино добија нова опрема преку проект за меѓуопштинска соработка кој се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
АУЕ-ФОН на свечена церемонија ги додели дипломите на студентите од прв и втор циклус на студии
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
Маричиќ за Тв 21: Владата прави се за ублажување на последиците од кризата, следува ребаланс и сериозни заштеди во Буџетот
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АУДИ А6 СМРТНО ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
ГРАД СКОПЈЕ: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
Министерот Шаќири учествува на Светскиот образовен форум во Лондон
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
КОСТАДИНОВ: Во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем
Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем

ОТКАКО ВО СОБРАНИЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ СО КОЈ ПОЛОТ МОЖЕШЕ ДА СЕ МЕНУВА СО ИЗЈАВА ПРЕД НОТАР – „Владата и пратениците ги извисија трансродовите луѓе“, порачаа активистите по повлечениот предлог-закон

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) одржа прес конференција на која изрази незадоволство заради одлуката на Владата на РСМ за повлекување на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција еден ден пред да биде разгледан на собрaниска комисија за политички систем.

Паралелно од НМХТ велат дека деновиве во медиумите се шират голем број лажни вести и се споделуваат изјави од политичари кои не се базираат на точни информации.

,,Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон очигледно го немаат прочитано предлог-законот. Доколку истите го прочитале, одговорите на нивните прашања и дилеми ќе ги нашле токму во предлог законот. Законот гарантира заштита на бракот, вклучувајќи задолжителен развод на брак пред да се бара измена на податокот за пол. Законот изрично вели: уредување на постапката во сите области којшто ќе бидат засегнати од промената на податокот за пол. Дури потоа, на крај, лицето кое што бара промена на податокот за пол потпишува изјава заверена на нотар. Во изјавата лицето јасно укажува дека промената ја прави заради усогласување на родовиот идентитет со ознаката за пол во матична евиденција и дека истата ја дава под морална, кривична и материјална одговорност дека тоа не го прави со цел да избегне договорна, законска или каква било друга обврска’’, изјави Наташа Бошкова од НМХТ.

,,Кажувањата дека со усвојувањето на предлог-законот се злоупотребуваат законите за извршување на санкции, законите за искористување на правото на пензија не се точни, затоа што самиот предлог-закон има гаранција дека граѓаните кои ќе пристапат до правно признавање на родот не можат тоа да го злоупотребат’’, дополни Бошкова и нагласи дека овој закон седи во Собрание веќе една година и дека воопшто не се одржа јавна расправа на која ќе се посочат овие аргументи и ќе се одговори дали овие стравови на пратениците се оправдани или се резултат на длабоко вкоренета трансфобија.

,,Загрижени сме за ширењето на паника дека овој закон може да придонесе до широка злоупотреба, без притоа да се провери праксата во земјите каде овие закони се во сила веќе долго време и каде злоупотреба на правното признавање на родот досега не е утврдена’’, изјави Лила Милиќ, која нагласи дека анализите спроведени од страна на Европската комисија во земјите кои имаат слични и послободни закони од овој предлог-закон, покажуваат дека спроведувањето на ваквото законско решение придонесува кон подобрување на пристапот до образование, вработување, домување и здравство на трансродовите луѓе. Анализите потврдуваат дека трансродовите луѓе со усогласени документи многу повеќе го остваруваат својот потенцијал и со тоа позитивно придонесуваат кон развојот на целото општество.

Во меѓувреме, повеќе од 10 луѓе го имаат променето податокот за пол, односно веќе се спроведуваат процедури врз основа на добиената пресуда во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ,,Икс против Македонија’’.

Од Мрежата посочуваат дека ќе продолжат да бараат правна заштита за овие луѓе во државата и со нови апликации до ЕСЧП, каде што државата ќе продолжи да плаќа и надомест на штета за повредите којшто ги сторува на овие луѓе децении наназад.

„Од сите овие причини, НМХТ бара Законот за матична евиденција повторно да се врати во собраниските процедури и да биде што е можно поскоро усвоен од страна на пратенците. Спроведувањето на овој закон нема буџетски импликации, ниту пак какви било други негативни влијанија за општата јавност. Едноставно, има само позитивни ефекти за трансродовите лица кои сакаат да ги усогласат своите лични документи, што е во насока на стратешките определби на нашата земја да изгради општество еднакво за сите и со развојните политики никој да не биде изоставен“, додаваат од НМХТ.

loading...

anime to watch. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak One Piece (Dub)

AnimeFreak The Strongest Sage with the Weakest Crest Episode 6

SK8 the Infinity Episode 7

free anime online AnimeFreak Attack on Titan Season 2

AnimeFreak Bleach Episode 358