АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ ДОДЕЛИ 6 СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ПРВА ГОДИНА ОД ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
АД ЕСМ додели 5 стипендии на студенти од електротехнички и информациски студии
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Заев очекува отворање на граничниот премин Маркова Нога, обврска од Преспанскиот договор
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Османи: Одбиен е спорниот дел во францускиот предлог кој се однесува на нас
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
Петков објасни што ќе се случи ако Македонија го прифати „францускиот предлог“
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
ССМ утре ќе го блокира влезот на Скопје
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, туку одговорна одлука
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата
Османи: Колку треба да си алчен и да не си ја сакаш државата

Отровите ги уништуваат дивите животни, трујачите никој не ги гони

Фото: Македонско еколошко друштво
Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд, покажува најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Според податоците од документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина заради отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното здравје. Сепак, овие случаи и понатаму се провлекуваат нерегистрирано, а сторителите остануваат неказнети, посочуваат од МЕД.

Помеѓу 2000 и 2020 година се регистрирани дури 1.046 потврдени и непотврдени случаи со труење во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија и Грција. Според Студијата, објавена во рамки на проектот BalkanDetox LIFE, финансиран од страна на Европската Унија, како главен мотив за појавата на овие инциденти се конфликтите со крупните ѕверови (најчесто волци, лисици, шакали и мечки) поради штетите кои тие умеат да ги нанесат врз добитокот, обработливото земјиште и ловниот дивеч.

„Оваа пракса не е решение за конфликтите помеѓу човекот и дивите животни. Ова е неселективен начин на убивање животни кој исто така ги засега и загрозените животински видови, луѓето па дури и децата“, вели Урош Пантовиќ, проектен координатор на BalkanDetox LIFE.

Мршојадците се најчестата жртва при илегалното труење и се појавуваат во секое четврто труење. Помеѓу 2000 и 2020 година регистрирани се дури 465 отруени белоглави мршојадци, 47 египетски мршојадци, 17 црни и еден брадест бршојадец. Популацијата на белоглави мршојадци е најзасегната со дури 400 единки во 233 одделни инциденти. Глувчарите и лисиците се следни со 392 отруени единки во 190 вакви настани и 389 единки во 141 случај со труење.

„Проценето е дека 115 мршојадци годишно гинат на Балканот доколку го земеме предвид фактот дека само околу 20% од случаите можеме да ги регистрираме и документираме“ вели Јован Андевски, раководител на програма во Фондацијата за заштита на мршојадците.

Овие загуби нанесуваат огромна штета врз популациите на мршојадците во регионот и доведуваат до регионално истребување на некои видови. Труењето на диви животни продолжува да биде најсериозната закана за опстанокот на мршојадците на Балканскиот полуостров како и главна причина поради која нивниот број не се враќа во нормала. Овие факти се земаат предвид кога се кројат планови за наредните мерки за заштита на дивите видови особено мршојадци, како на пример пуштање на птици во природата или нивно одгледување во заробеништво со цел нивна реинтродукција.

Ниската свест, недоволната вклученост на државните институции, нејасната легислатива и надлежност, недостигот на капацитети и ресурси се главните пречки за ефективно решавање со овој проблем на Балканот.

„Сите долгогодишни напори за зачувување на мршојадците во нашата држава можат да пропаднат во вода со само еден поголем инцидент со труење. Во минатото имаме регистрирано случаи каде само во еден наврат биле отруени повеќе птици отколку што сега може да се сретнат во цела држава. Крајно време е да се сфати овој проблем сериозно,“ изјави Ненад Петровски, проектен координатор во Македонското еколошко друштво.

Тој вели дека проектот BalkanDetox LIFE ја подига свеста за сериозноста на оваа штетна пракса и цели кон вклучување на релевантните институции и градење на капацитетите преку Академијата за криминал против дивиот свет како и други обуки, со цел подобрување на истрагата и справувањето со случаите со труење.

loading...

go88 down go88 down go88 dow

tại sunwin cho android sunwing check i sunwin không nạp được tiền