Отворен финалниот ден од натпреварот „НАТО Иновациски предизвик“

Заменик министерот за одбрана Башким Хасани денеска во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ присуствуваше и се обрати на отворањето на финалниот натпреварот за најдобро иновативно решение за идентификација, предупредување, проценка и управување со биолошки закани за заштита на силите на НАТО, сојузниците и цивилното население – „НАТО Иновациски предизвик“ кој е во организација на Воената академија во соработка со Иновацискиот центар на Здружената Командата за Трансформации на НАТО (ACT) од Норфлок, Вирџинија.

Заменикот министер Хасани во своето обраќање изрази голема благодарност до сите апликанти кои учествуваа на овој проект како и до Воената академија и Иновацискиот центар на Здружената Командата за Трансформации на НАТО од Норфлок, Вирџинија за нивниот придонес во овој уникатен предизвик што нè приближува сите до заедничка цел – ефективна колективна одбрана.

„Денес, повеќе од кога било, сме среќни да ја користиме платформата обезбедена од центарот за иновации на НАТО ACT за да дојдеме до креативни нови пристапи во справувањето со сериозни потенцијални епидемии и биолошки ризици и закани за човештвото, намерни или предизвикани од природни феномени. Како триесетта и најнова членка на НАТО, Република Северна Македонија ги понуди своите интелектуални и организациски способности за организирање на овој натпревар за најиновативни концепти за обезбедување ефективен и ефикасен био-одговор во потрагата по поголема подготвеност за градење отпорност во денешниот свет вознемирен од пандемијата СОВИД-19, а подеднакво и со војни, конфликти и природни катастрофи“, рече Хасани.

Ова е прв заеднички проект на Воената академија со Иновацискиот центар на НАТО ACT, а темата на проектот е поврзана со појавувањето на заразните биолошки агенси, на чие појавување обично му претходат инциденти кои можат да се намерно предизвикани или да се резултат на природни несреќи и мутации.

На натпреварот кој беше објавен во март месец оваа година на тема „БИО-ОДГОВОР“ , беа пријавени 20 екипи од целиот свет. 15 евалуатори од НАТО земјите ги евалуираа проектите и донесоа одлука на финалниот натпревар да се натпреваруваат 10 екипи од кои 3 се од Република Северна Македонија.

Фондот на паричните награди на натпреварот е 8500 американски долари.

Целиот натпревар може да се проследи на YouTube каналот на NATO InnovationHub.

sun win

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất

sunwin sunwin.apk mới nhất game bài sunwin

tải sunwin sunwin web sunwin club