(ВИДЕО) ТЕМЕЛКОВСКИ: Со поддршка од Владата и други донатори обезбедивме грантови за повеќе од 40 проекти!
(ВИДЕО) ТЕМЕЛКОВСКИ: Со поддршка од Владата и други донатори обезбедивме грантови за повеќе од 40 проекти!
ПАНИКА - ВМРОВЦИТЕ И МАФИЈАТА СЕ ДО СМРТ ИСПЛАШЕНИ: Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже!
ПАНИКА - ВМРОВЦИТЕ И МАФИЈАТА СЕ ДО СМРТ ИСПЛАШЕНИ: Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже!
БРАВО ЗАЕВ, ПОРОДОЛЖИ ТАКА, НАРОДОТ ЌЕ ТЕ НАГРАДИ НА ИЗБОРИ!
БРАВО ЗАЕВ, ПОРОДОЛЖИ ТАКА, НАРОДОТ ЌЕ ТЕ НАГРАДИ НА ИЗБОРИ!
ТЕМЕЛКОВСКИ: Грижата и поткрепата на родовата еднаквост е застапена во активностите на Кисела Вода
ТЕМЕЛКОВСКИ: Грижата и поткрепата на родовата еднаквост е застапена во активностите на Кисела Вода
СТРАТЕГИЈАТА СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРАTA НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПЕРИОДОТ 2021 – 2030 ГОДИНА
СТРАТЕГИЈАТА СО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА КУЛТУРАTA НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПЕРИОДОТ 2021 – 2030 ГОДИНА
ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ Ќе се зголеми стапката на дотација од ДДВ
ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ОПШТИНИТЕ Ќе се зголеми стапката на дотација од ДДВ
ГРАД СКОПЈЕ: ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД МАНИПУЛИРА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ОДНОС НА ЗЕЛЕНИЛОТО НА УЛИЦА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ
ГРАД СКОПЈЕ: ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД МАНИПУЛИРА СО ГРАЃАНИТЕ ВО ОДНОС НА ЗЕЛЕНИЛОТО НА УЛИЦА ВАСКО КАРАНГЕЛЕСКИ
Комерцијална банка, како верен партнер на „Браќа Манаки“, и годинава финансиски го помогна одржувањето на Фестивалот
Комерцијална банка, како верен партнер на „Браќа Манаки“, и годинава финансиски го помогна одржувањето на Фестивалот

ОТВОРЕНО ПРОТЕСТНО ПИСМО НА 40 НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЛАЈКА

Почитувани,
Ние, долупотпишаните активисти за заштита на животни, дел од формални и неформални
групации на граѓани, како и самостојни активисти, се обраќаме до Агенцијата за храна и
ветеринарство (АХВ) и бараме одговори на:

1. Наводите дека АХВ ја одобрила Програмата за работа на ЈП Лајка усвоена на 52 седница
на Советот на Град Скопје во која имаше задржано низа незаконски концепти од првата,
геноцидна, верзија на документот!

2. Наводите дека АХВ ќе одобри основање на ветеринарна амбуланта во склоп на ЈП Лајка
што е спротивно на член 42 од Законот за ветеринарно здравство!

Потсетуваме дека првата верзија од програмата која поттикна силни реакции во јавноста
претставуваше свиреп документ каков што досега не постоел во овој град. Во актуелната, т.н.
втора, ревидирана, верзија на програмата има извесни подобрувања, но сепак се дозволува
трајно стационирање на кучиња, перфидно е дозволена произволна еутаназија на здрави
единки, заловување на кучиња „најчесто во ноќните часови“ и нема никаква проекција за
бројот на животни кои ќе бидат третирани на годишно ниво со што ќе се докаже
рационалното трошење на јавни пари и ќе може објективно да се евалуира самиот ефект од
процесот.

Во однос на втората точка нагласуваме дека основањето на ветеринарна амбуланта во рамки на
едно јавно претпријатие без претходен јавен повик за ангажирање ветеринарно друштво и
неисполнување на условите наведени во став 1 од член 42 е незаконски. Според Законот за
ветеринарно здравство, владата единствено по исполнувањето на условите од ставот 1 од член
42 од Законот има право да основа јавно претпријатие согласно со Законот за јавните
претпријатија. Истовремено, сведоци сме дека ваквиот пристап – една амбуланта да биде
ангажирана за стационарот – нималку не придонел за намалување на бројот на бездомните
животни – напротив. Искуството од изминатите години е доказ дека не може физички да се
опслужи потребата и да се одговори на задачата – невозможно е повеќе од десет единки на ден
да се оперираат во една амбуланта, што, во едно најоптимистичко сценарио, доведува до број
од 50 единки неделно и 200 единки месечно што е далеку под неопходниот број на животни кој
е нужно да се истретира во распон од 6 месеци со цел да се спречи неконтролираната
репродукција. Дополнително, јавноста беше запознаена со злоупотребата на јавни пари кога
едно ветеринарно друштво го има монополот врз градскиот стационар. Конечно, исклучително
важен факт е вработувањето на ветеринари во Град Скопје – крајно опасен преседан – со што
струката ќе се стави под партиска директива; чекор дијаметрално спротивен на декларативните
изјави за професионализација и департизација на институциите.

Ние, активистите кои веќе со децении целосно волонтерски ја работиме работата на Град
Скопје, сме неискажливо револтирани доколку се допушти вакви незаконски концепти да се
одобрат од АХВ – институција чијашто надлежност е да го усогласи функционирањето на
институциите со постојната легислатива, а не да дозволува процеси со кои законите се
подриваат.

Нема да дозволиме правата на животните да бидат прегазени на вака перфиден начин!
Нема да дозволиме документ кој би требало да е основата за хуман третман на живи
суштества, да е фактички изговор за нивно произволно убивање!
Нема да дозволиме партиски послушници со сомнително искуство да одлучуваат за
судбините на невини животни!

Третманот на бездомните животни во Скопје МОРА да биде дисперзиран – да се ангажираат
најмалку 5 ветеринарни друштва од Скопје кои истовремено ќе работат – со цел да се
обезбеди доследно спроведување на единствената стратегија за хумана контрола заловистерилизирај-вакцинирај-врати. Само на овој начин ќе може во период од 6 месеци да се
стерилизираат/кастрираат 75% од бездомните единки на дадена територија со што нивната
репродуктивна способност ќе стане 0 и нивниот број природно ќе почне да опаѓа.

Бараме АХВ:
а) Веднаш да ја информира јавноста дали ја има одобрено програмата за работа на ЈП Лајка
усвоена на 52 седница на Советот на Град Скопје.
б) Веднаш да ја информира јавноста дали води процес за одобрување на ветеринарна
амбуланта во склоп на јавното претпријатие Лајка без претходно спроведен јавен конкурс.
Доколку АХВ ги одобрила и програмата и отворањето на амбуланта во самото ЈП, бараме
веднаш да го објави јавно текстот од програмата кој го има одобрено, како и службеното лице
кое ги одобрило и програмата и основањето на ветеринарната амбуланта во склоп на јавно
претпријатие без претходно спроведен јавен повик. Одговорност мора да има и ние ќе ги
преземеме сите мерки во согласност со закон за да ја обезбедиме таа одговорност!

За ова отворено протестно писмо поддршка изразија вкупно 34 национални здруженија на
граѓани, неформални активистички групи и самостојни активисти бидејќи ние, активистите за
заштита на животни, најдобро знаеме дека неправда било каде е неправда секаде!

Скопје, 25 септември 2020 г.

loading...

Website https://animepahe.cc: Watch Legends of the Dark King: A Fist of the North Star Story animepahe Episode 13 watch anime free

Chobits: Chibits - Sumomo and Kotoko Deliver (Dub) Episode Full

Blade Runner: Black Out 2022 (Dub) Episode Full

Website https://animetv.cc: Watch Deadman Wonderland animetv Episode 12 dubbed anime

V: https://v.gd/KWtzQ9

Dpi hochiminhcity: http://www.dpi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopY/DispForm.aspx?ID=3766