МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
МЗШВ: Отворено писмо на министерот Љупчо Николовски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, нивните пратеници и коалицијата
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
ДУИ: Рекордно покачување на платите од 15% за наставниците
Кој води психолошка војна против братска Србија?
Кој води психолошка војна против братска Србија?
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Брнабиќ се сретна со Ковачевски, заедно ќе присуствуваат на економскиот форум во Александар Палас
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Ковачевски: За економски успех потребни се реформи во образованието
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
Победниците на „Евровизија“ тргнуваат на турнеја низ Европа за да собираат пари за војската и добротворните организации во Украина
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН: Факултетот за правни и политички науки во рамките на својата годишна програма, организираше дебата за студентите на тема „Право на абортус“
Делегација од Општина Куманово на покана на активистите од невладиниот сектор кои што работат на Ромските прашања на Балканот е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот "The Most Roma Friendly Mayor"
Делегација од Општина Куманово на покана на активистите од невладиниот сектор кои што работат на Ромските прашања на Балканот е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот "The Most Roma Friendly Mayor"

ОВАА ЖЕНА ЌЕ ГО УНИШТИ СКОПЈЕ: Градот Скопје молчи за развојот на топловодната мрежа, Регулаторна со свој предлог

Новата градска администрација речиси еден месец не одговара на прашањата поставени од Мета.мк во однос на идниот развој на топловодната мрежа во Скопје. Владата во јули 2019 година ја донесе одлуката на Град Скопје да му ја даде на трајно користење топловодната мрежа, со која требаше да управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски систем“ (ГЕС).

По повеќе од две години, од Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) велат дека исходот од оваа постапка е одбивањето на барањето за лиценца за вршење дистрибуција на топлинска енергија од градското јавно претпријатие.

„Одлуката на РКЕ е конечна во управна постапка. АД ГЕС Скопје поведе спор против Одлуката за одбивање на барањето. До РКЕ сè уште не е стигната пресуда по овој предмет“, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

И во текот на претстојнава грејна сезона, не се реализираше преземањето на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ).

Но, за тоа какви активности планира да преземе новото градско раководство предводено од градоначалничката Данела Арсоска поставивме прашања уште кон средината на ноември. Прашањата што ги поставивме се однесуваат на тоа дали Градот Скопје планира да отпочне со управување со дистрибутивната топлинска мрежа и дали има конкретен рок кога би се случило ова.

До Град Скопје поставивме и прашање што планира да преземе градската власт за спојување на трите системи за централно греење, коишто во моментов како БЕГ, ЕСМ-Енергетика и Скопје Север функционираат одделно во главниот град. И на ова прашање не добивме одговор.

Од Регулаторната комисија за енергетика пак велат дека досега давале конкретни препораки за поефикасно и конкурентно производство и дистрибуција на топлинска енергија во главниот град.

„РКЕ на состаноците со снабдувачите ја има неколку пати отворено темата со препорака снабдувачите Скопје Север и ЕСМ Енергетика да ги разгледаат можностите за заедничка соработка меѓу двете компании и на тој начин системски да се надминат предизвиците со кои би се оптимизирало производството и би се зголемил конзумот“, велат за Мета.мк од РКЕ, додавајќи дека сепак станува збор за компании кои имаат автономија во носењето на деловни одлуки.

Од ЕСМ-Енергетика во изминатиов период работи на проширување на топловодната мрежа во скопските населби Хиподром 1 и 2, со цел да се овозможи околу 1.000 домаќинства од населбите Хиподром 1 и 2 во Општина Гази Баба да се приклучат на централно парно греење. Оваа компанија изработи и проекти за реконструкција и проширување на топловодната мрежа во Автокоманда и Железара, но засега нема никаква најава за спојување на нејзиниот дистрибутивен систем со оној што веќе е изграден во општините Чаир и Бутел, каде што во моментов функционира Скопје Север.

Нереализацијата на зададените ветувања во изминативе години за развој на дистрибутивната мрежа на топлинска енергија и непостоењето на поврзаност меѓу трите различни системи може најскапо да ги чини токму корисниците на парното греење во Скопје, особено во екот на глобалната енергетска криза, која може да доведе и до зголемување на сметките за затоплување догодина.

Од РКЕ не ни дадоа конкретни податоци за тоа колку би можело да поскапи парното греење од наредната година, информирајќи дека одлуките што ќе ги донесат ќе се засноваат на европски методологии во кои се рефлектираат берзанските цени на природниот гас. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во јули годинава донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4 проценти крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје.

Во меѓувреме, цената на гасот на европските берзи изминатиов месец ноември во неколку наврати ја надмина границата од 1.000 долари за илјада метри кубни, односно неговото драстично поскапување би можело да ги зголеми и сметките за парно греење во Скопје.

„РКЕ низ своето делување иницира да им се помогне на оние кои што најмногу им е потребно, а тоа се ранливите категории и да има проширување на актуелната листа со дополнителни категории на корисници“, накратко објаснуваат од РКЕ во однос на можноста за зголемување на цената на парното греење.

Во Скопје во моментов околу 60.000 потрошувачи се приклучени на трите централни системи за греење, при што за една година растот на бројот на нови корисници е речиси 2.000, појаснуваат од РКЕ.

Сепак, тие не можат да објаснат во детали дали зголемувањето на цената на парното греење би можело да влијае дел од корисниците да се откажат од услугите на снабдувачите со топлинска енергија, односно да преминат кон користење на електрична енергија, огревно дрво или други енергенси на затоплување.

„Водејќи се од основните принципи за ефикасен, конкурентност и финансиски одржлив енергетски сектор, РКЕ при носењето на одлуките ќе ги преземе сите неопходни чекори, се со цел да не дојде до оптеретување на еден енергетски систем, како резултат на затворање на друг систем. Функционалност на сите енергетски системи е врвен приоритет за сигурно и стабилно снабдување со енергија“, велат од РКЕ.

Дали ќе се зголеми или ќе се намали бројот на корисници на централното парно греење, како и со колкаво темпо ќе се развива дистрибутивната топлинска мрежа во Скопје, не е тема што е поврзана единствено со висината на сметките што ќе ги добиваат граѓаните, туку и со загадувањето на воздухот во главниот град.

Скопје со години наназад се соочува со денови кога има енормно аерозагадување, при што досега со неколку истражувања беше утврдено дека токму затоплувањето на објектите е главниот извор на загадување, што се должи на користењето на влажно огревно дрво, нафтени деривати и отпадни материјали од најразличен вид кои ги трујат граѓаните.

Цели скопски општини, како што се Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари, немаат воопшто ниту пристап до трите системи за централно парно греење, што значи дека граѓаните и компаниите од овие делови на Скопје користат други енергенси за затоплување во текот на грејната сезона.

loading...

anime sites. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Welcome to Demon School! Iruma-kun Season 2 Episode 15

AniWatch My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 17

AniWatch Horimiya (Dub)

english dubbed anime AniWatch Attack on Titan

Attack on Titan (Dub) Episode 24

tải go88