Ги презентираме досегашните резултати и со партнерските општини од соседна Бугарија се подготвуваме за новиот повик за искористување на средствата од инструментот ИПА за прекугранична соработка.
Овие два дена во Сандански, Бугарија, се одржува заеднички состанок на Заедницата на општини на Република Бугарија и Република Северна Македонија во рамките на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2021-2027 год.
Целта на средбата е да се запознаат претставниците на општините од Североисточен, Истчен и Југоисточен плански регион како и општините од областите Благоевград и Ќустендил со резултатите на Програмата за прекугранична соработка за периодот 2014 -2020 година.
Резултатите ќе бидат претставени од страна на градончалниците на општините кои имаат добиено и реализирано проект од ИПА програмата.
На состанокот учествуваа и премиерот на Бугарија, Кирил Петков и министерот за локална самоуправа Горан Милевски .