Комична е анализата на Фридом Хаус според кој земјава во моментов е хрибриден режим?!
Не треба многу што да анализирате и да истражувате за да видите дека ова е невидена будалаштина. Одете само на Јутуб каналот на интернет и укуцајте во барот за пребарување ПОЛИТИЧКА ТВ ДЕБАТА и ќе ви излезат над 20-30 политички емисии стримови и блогови на мас медиуми на кои нон стоп се преставници на ВМРО ДПМНЕ и нивни блиски новинари и аналитичари.
Односот на про владини аналитичари и политичари со про опозициски политичари и аналитичари е 1 спрема 2, значи дупло повеќе има критика кон владата.
Истото е на сите социјални мрежи, што е показател дека во земјава има слобода. Погледнете што се случува со штрајкот на наставниците, мислите ли дека во време на ВМРО ќе се осудеа наставници од школите да се кренат на ваков масовен штрајк и да одбиваат 10% покачување на платата?!?! Па ќе беа медиски раскинати и избркани од работа, за уши ќе ги носеа на работа.
Значи ако е ова сега режим кога се апсат владини секретари и се пикаат во Шутка што беше незамисливо во време на ВМРО ДПМНЕ на власт, ако е ова режим макар и хибриден кога секој ја прави ренде владата, кога нема владина прпаганда платена со народни пари, значи не се трошат народни пари за медиуми, тогаш што беше власта на Грујо и ВМРО ДПМНЕ 12 години??!
Тогаш тоа беше црна сатрапија, а ВМРО ДПМНЕ вели дека не било така, значи по таа логика сегашната власт е тотална демократија до ниво на анархија?!