МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
МОЌНО ВИДЕО КОЕ ЈА НАЕЖУВА КОЖАТА - Визија. Решителност. Победа. 30 години СДСМ со граѓаните!
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
ТЕМЕЛКОВСКИ: Согласно нашата политика за подеднакво инвестирање во секоја Месна заедница започнавме со рехабилитација на коловозите во 11 октомври, поточно улица Лазар Димитров
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
Демократски сојуз: Постепена дигитализација на образовниот процес
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
(ВИДЕО) Заев за 30 години СДСМ: Минатото и сегашноста се нашата сила за одлучни чекори кон иднината, СДСМ е верна и посветена на граѓаните и на државата
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
ИКОНАТА НА СДСМ ОДИ ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА ПО 30 ГОДИНИ ТЕШКА БЕЗМИЛОСНА БИТКА СО ВМРОНИТЕ - ШЕЌЕРИНСКА: ВРЕМЕ Е ЗА НОВИ КАДРИ, ПОДОБРИ ОД МЕНЕ!
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
Новинарот Гајдов осуден за клевета против професор Фрчковски
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
ЧОВЕКОВ САМ СЕ ЗАКОПА - ДРАГИ РАШКОВСКИ ОДИ ВО ПРИТВОР, НАСОЧУВАЛ ДРУГ ОСОМНИЧЕН ДА ЗБОРУВА СТРУЧНО ЗА ДА НЕ ГО РАЗБЕРАТ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОТИ БИЛЕ ГЛУПИ
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

ОВИЕ ВАКА ЌЕ ПРЕГОВАРААТ 10 ГОДИНИ НАЈМАЛЦЕ: Фијаско на македонско-бугарската комисија – кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил

Без резултати заврши дводневната 11-та средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информираа на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

-Треба да констатираме, за жал, дека 11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минитјатурен черкор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба за жал ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата работа бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлуки се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Ангелов..

– Advertisements –

Според него, по однос на суштината на нивната работа, се зборува во Македонија дека Комисијата решила три периоди и се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османлиството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7 одделение за средниот век.

-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност. Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев рече дека средбата помина во академска атмносфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров дека и нема резултати од средбата, но понекогаш кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан и се судија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело..

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дека во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа историја што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓетото, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век како и за Цар Самоил.

loading...

ANIMEFLIX my hero academia animeflix: High-Rise Invasion (https://animeflix.nl/m/P1bL) Episode 12

AniWatch watch anime online: Assassination Classroom (Dub) Episode 22