Над 5000 затвореници по сите македонски затвори, пред се Шутка, Идризово но и затворите во Штип, Куманово, Паланка, Тетово, Струга, Битола се закануваат со штрајк со глад ако под итно не им се даде телефонскиот број на уредникот на Плусинфо, Бранко Геровски.
Во изјава за Мактел велат:
– Да ни каже Геро колку треба да му платиме за да не брани и нас и да се бори за нас како што се бори за Орце Камчев. Па и кај нас да дојде под итно народен правобранител, па инспекција што јадеме што пиеме кај спиеме, за што сме уапсени, и под итно и за нас да се бори дека сме КИДНАПИРАНИ дека сме невини и под итно да бидеме пуштени од затвор и ние дома да ги раководиме нашите бизниси. Нема само Орце Камчев бизнис кој дели плати на народ, и ние имаме фарми, работилници, дуќани, пиљари, камиони, каменоломи, имаме фирми за градежништво, инсталација, трговија итн итн итн… Нека каже Геро која му е тарифата и ако не може поединечно тогаш здружено сите ќе дадеме по 1000е на пример и сите што сме 2000 во Идризово ќе собереме значи 2 миљона евра и ќе му ги дадеме и он за нас секој ден да пишува колумни, стории, паника да шири, да праќа писма до амбасади да се бори за нас, стварно човекот е топ, многу сме задоволни и многу му љубомориме на Камчев, алал да му е, како си одработува човекот како се жртвува за Камчев како брат да му е, море како син да му е…
Мактел не сакаше да им го даде бројот на Геро затоа што уредникот на Плусинфо ќе биде преплавен со повици но има броеви импресумот на Плусинфо слободно нека вртат таму сите наши затвореници кои сакаат да бидат помогнати како што Камчев овие денови добива третман небаре е АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ, лидерот на руската опозиција.