ММФ во својот последен извештај ги потврдува ефикасните фискални политики и антикризнни мерки кои како Влада ги донесовме за време на пандемијата.
ММФ анализира дека Владата спречила голема загуба на работни места како и дека обезбедила заштита на ранливите категории на граѓани.
Согласно извештајот:
👉 Економското закрепнување се очекува да продолжи во 2022 година. Се предвидува растот да се зголеми од 4 отсто во 2021 година на 4,2 отсто во 2022 година
👉 Буџетот за 2022 година соодветно ги намалува трошоците поврзани со пандемијата, додека продолжува да ја поддржува економската активност
👉 Инфлацијата ќе започне да опаѓа во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2% во 2023 година и периодот потоа.
Линк до целиот извештај: http://bitly.ws/kneG