Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази. Делницата од Требениште до Охрид ќе се пушти за сообраќај во август
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
НА ОВОЈ ЧОВЕК МУ ДОЛЖИМЕ ГОЛЕМО ИЗВИНУВАЊЕ, ЏАБЕ ГО МАЛТРЕТИРАВМЕ 20 ГОДИНИ: И Вранишковски на литургијата на СПЦ и МПЦ во Белград
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
ОВОЈ РЕЖИМСКИ ПАУН КОНЕЧНО ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРАВДАТА: Истрагата за „МПМ“ е завршена, Срѓан Керим осомничен за три кривични дела
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји како и зголемена предвидливост и стабилност за инвеститорите
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
Ковачевски: Власите се значајни учесници во севкупниот развој на нашата држава
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, постапка базирана на процедура и докази, смета Ковачевски
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
Обраќање на претседателот Пендаровски на затворањето на 11-то издание на самитот на „Македонија 2025“: Должност на државата е да му помогне на стопанството за да се преброди овој кризен период
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
25 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ - НИКОБ ГРУПАЦИЈАТА СТАНУВА БИЗНИС ИМПЕРИЈА КОЈА НУДИ УСЛУГИ ПО ПРИСТАПНИ ЦЕНИ ЗА ШИРОКАТА ПОПУЛАЦИЈА - Кирил Лазаров: НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти

Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови

Папата Франциск денеска повика на строга примена на канонското право во борбата против злоставувањата во Католичката црква.

„Црквата, со Божја помош, продолжува со својата посветеност да обезбеди правда за жртвите злоставувани од нашите членови, применувајќи го со посебно внимание и строго пропишаното канонско право“, рече папата Франциск во Апостолската палата при приемот на претставниците на Конгрегацијата за доктрина на верата, ватиканските власти кои се занимаваат со извештаите за злоставување.

Тој укажа на неодамнешните реформи кои го олеснуваат повикувањето на одговорност на злоставувачите во Црквата.

„Самото ова можеби не е доволно за борба против овој феномен, но е важен чекор кон враќање на правдата, поправање на скандалот и отстранување на сторителите“, рече Папата.

Ватикан во четвртокот повтори дека чувствува „срам и каење“ за сексуалната злоупотреба на свештеници над малолетници, по објавувањето независен извештај во кој се доведуваат во прашање постапките на папата Бенедикт Шеснаесетти.

Папата Бенедикт XVI, кој има 94 години и живее во манастир во Ватикан, „одлучно“ негираше каква било одговорност во изјавата што ја испрати до адвокатите.

Извештајот за начинот на кој надбискупијата Минхен-Фрајзинг се однесувала кон злоставувањето е „биланс на хорор“, а пензионираниот папа Бенедикт се дезавуира самиот, оценува Кристоф Штрак.

Кардиналот Рајнхард Маркс (д.) е надбискуп во Минхен од 2007 година, папата Бенедикт Шеснаесетти (л.) тоа беше во периодот од 1977 до 1982 година
Пред да биде избран за папа во април 2005 година, Јозеф Рацингер од своите критичари беше нарекуван „кардинал-тенк“ поради неговата острина. Се сметаше за човек кој решително ги решава проблемите во теологијата и црквата. Непосредно по неговиот избор почнаа да стигнуваат извештаи дека наводно цврстиот Рацингер може и да се смее, дека е наводно мек. Насекаде чудење.

Сега Јозеф Рацингер добива уште еден атрибут. Еден од правниците чија канцеларија со месеци се занимаваше со злоставувањата во поранешната диоцеза на Рацингер во Минхен, оценува дека неговото однесување било „слично на бетон“. Бетон против обвинувањата дека прикрива злоставувања.

„Биланс на хорор“

Извештајот на околу 1900 страници, кој една адвокатска канцеларија во Минхен го направи во врска со односот на надбискупијата Минхен-Фрајзинг кон случаите на сексуално злоставување, се „биланс на хорор“. Еден од правниците тоа го кажува буквално така и тоа повеќепати. Извештајот е и документ за црковното минато, тој е знак за нова димензија, за нова етапа во расчистувањето на проблемите.

alt – bitte stattdessen 43309813 verwendenКристоф Штрак
Надбискупијата од 1952 година досега ја воделе шестмина надбискупи. Сите веќе претходно или додека биле на функцијата биле унапредени во кардинали. Сите шестмина, без исклучок, погрешно се однесувале и постапувале во различен број случаи на сексуално злоставување. Тројца од нив се сѐ уште живи. А, од 1977 до 1982 година, еден од нив бил и Јозсеф Рацингер, кој потоа направи кариера во Рим и беше избран за папа – Бенедикт Шеснаесетти. Затоа, сиот католички свет вчера (20.01) вџашено гледаше кон Минхен.

Во петте години додека бил надлежен за диоцезата Минхен-Фрајзинг, според оценката на вештаците, Рацингер не постапил во четири случаи во коишто морал да преземе мерки. На пример, четворица свештеници за кои биле познати дела на злоставување, сепак биле оставени да работат во делот на „грижа за душата“. Рацингер својот став го изложува на 82 страници. Во својата изјава тој ги отфрла „тврдењата“, наведува дека „немал сознанија“ или – „доколку било важно“ – има многу конкретни сеќавања. И, решително демантира дека присуствувал на седница на која се разговарало за особено тежок случај на прикривање. Вештаците, пак, со веродостојни детали докажуваат дека Рацингер сепак бил присутен на седницата.

Црквата не може сама да се соочи со проблемот

Писмената изјава на Рацингер е срамен, а истовремено и трагичен документ. Човек не сака веќе да чита кога овој голем теолог објаснува дека како предуслов за канонска постапка би било потребно „завршено кривично дело насочено кон побудување сексуална желба“. Да нема неодразбирања, притоа се работи за однос кон малолетници!

Во врска со извештајот, остануваат четири работи:

(1) Многу е важно што правниците повеќепати, многу јасно зборуваат за значењето на жртвите на сексуализирано насилство, им се заблагодаруваат, ја истакнуваат нивната храброст, нивната отвореност. Особини кои не му ги припишуваат на ниту еден свештеник. И, имаат право кога бараат избор на омбудсман. Треба да се има соодветен пристап кон жртвите, кој црковните претставници тешко дека можат да го имаат.

(2) Важно е црквата да ги има во фокус црковните заедници каде работеле свештеници обвинети за сексуално злоставување. Поради сомневања и разочарувања се веќе распаднати многу заедници, пријателства, семејства. И, тука важи: црквата е во грев кон својата база.

(3) Црквата очигледно не може самата да се соочи со проблемите – државното правосудство ќе мора да се вклучи порешително во тоа. Тоа го докажува не само студената изјава на Јозеф Рацингер. Два дена пред објавувањето на Минхенскиот извештај, во Келн, кој исто така е хотспот на црковно прикривање, првпат пред суд се најде еден надбискуп – во улога на сведок! Сведок во постапка против осомничен свештеник. Хамбуршкиот надбискуп Штефан Хесе одеднаш беше исправен пред судија и мораше да одговара кратко, прецизно, а, според оние кои беа присутни на судењето, црковниот достоинственик одговарал и „како попарен“. Тоа покажува дека обвинителите и судиите треба да продолжат со расчистување. Државата, доколку тоа воопшто го сака, би морала да го преземе во свои раце процесот на обработка. Меѓу другото и за жртвите да не мораат веќе да се аранжираат со извршителите или организацијата на извршителите.

И, конечно (4): Оваа свештеничка и бискупска црква, која се преувеличува за да ја прикрие својата нечистотија, веќе не е црква на сегашноста. Ако воопшто може да се препознае некаква линија во изјавите на папата Франциско кои понекогаш чудно звучат, тогаш тоа е напорот да се одржи жив копнежот за Бога. А црквата? И таа е тука. Но, (себе)преувеличувањето е веќе минато. Дали католичката свештеничка црква ќе го поднесе тоа?

Кристоф Штрак

извор: ДВ

loading...

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

sites to watch anime 4Anime Dragon Ball (Dub)

Naruto (Uncropped) (Dub) Episode 212

4Anime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 21

4anime tv Hunter x Hunter (2011) (Dub)

4Anime Horimiya (Dub)

tải go88