Не ми е ич јасен академик Љупчо Коцарев.
Овие денови тој е херој со тезите дека САД ќе се распаднеле, ЕУ ќе се распаднела, да сме пробале со Русија да одиме или сами да сме се бореле во светски рамки без сојузници и партнерства…
Човек да си помисли дека човеков е некој историчар, или етнолог или археолог кој нема излезено од Табановце и Богородица…
Но ако му го погмеднете неговото ЦВ ќе видите дека човекот е компјутерски инженер кој 20 години ги поминал по американски универзитети каде истражувал за компјутерски мрежи, чипови итн итн…
Издавал книги финансирани од ЕУ и НАТО, предавал по универзитети од Лондон преку Берлин па до сите можни КЛАСА А најдобри универзитети во САД…
Значи човекот можел на лице место да ја види моќта на западот во однос на истокот и ни вели да одиме на исток да јадеме руски корења?!?!
Човекот цел живот се бавел со компјутери и технологија, сега не отекува со историја и национализам?!?!
Човекот цел живот бил материјалист, изучувал и истражувал за напредна техника која ќе му помогне на човештвото да оди побрзо напред, а сега не тера да се вратиме во пештери за да сме го заштителе македонизмот по секоја цена?!?!
Човекот бил космополит, живеел и творел и се дружел со луѓе од цел свет од сите раси од сите нации и најважно било колку вредиш колку знаеш колку можеш, а сега не отепува со отровен национализам, да сме објавеле војна на цел свет…
И сега како да се разбере овој човек?!?!
Дали он мисли дека како он што се кренал од Скопје да шета по цел свет и да зема плати од 5000 долари дека секој може во земјава тоа да го прави? Да не е тоа некој фанатизам и ароганција дека сите во земјава само треба да го испотат газот и ќе го освојат светот како што он го освоил?
Зарем човеков не разбира дека не се сите луѓе така надарени со таков талент и дарба и ментална сила по цел ден да бидат затворени во лабораторија и да буљаат во монитор? Дека луѓето се од различни средини од различни семејства со различни интелигенции и ментални структури, дека многу се неписмени, речиси и ретардирани, без ментална стабилност, без емоционална стабилност, без работна дисциплина и ние не треба земјава да ја правиме врз презумцијата дека сите можат да бидат Љупчо Коцарев, генијалци кои ќе бидат барани од цел свет и од сите светски универзитети каде ќе им нудат годишна плата од 100 000 долари и обезбедно сместување во убави куќи од 1000 квадрати со двор од 2000 квадрати.
Земјава наша како и сите други во светот е создадена од 1 процент такви генијалци, и големо мнозинство просечни и под просечно интелигентни луѓе и за таквите треба земјава да ја врземе со НАТО и ЕУ за да можат со својата просечност да извадат пристојни плати за живеачка, да не треба да си генијалец за да живееш пристојно туку да си и просечен токмак кој вози виљушкар цел живот а пак дома да носи пристојни 500 евра плата и жена му ако е исто така токмак и таа работи на каса во некој супермаркет и таа да зема 500е а не 250е како што е сега.
Значи треба да ги дуплираме платите во следниот период за обичната раја а цените да останат прилично каде што се сега, талентираните и богатите и онака им се исто фаќа дали сме во ЕУ или НАТО за нив светот секогаш ќе биде поле на лесна убава животна пловидба за нив секогаш границите ќе бидат отворени и платите високи.
Можеби Коцарев тоа не може да го разбере и затоа ни нуди да сме им покажале среден прст на НАТО и ЕУ, чевекот не го разбира светот ниту Македонците затоа што цел живот поминал во лабораторија гледајќи во компјутерски монитори…