Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

ПЕЧАТНИЦИТЕ И НИВНОТО ЛОБИ ПОБЕДИЈА, ПАК ЌЕ ДАВАМЕ ДЕСЕТИНА МИЛИОНА ЕВРА ЗА КНИГИ: Нема нов закон за дигитализација на книгите, учениците и понатаму учат од печатени книги

Нема новини во процесот на дигитализација на образованието во Северна Македонија. Учениците и понатаму ќе учат според традиционалниот облик на настава со печатени книги. Останува доброволната опција, ако сакаат можат да учат од електронски книги. Иако вети, Министерството за образование и наука не достави до Собранието нов предлог-закон за книги и други дидактички материјали за основните и средните училишта, откако во јануари 2021 година го повлече законот поради забелешки на јавноста за намерата да се дигитализираат книгите од четврто одделение и да се отстрани употребата на печатените книги, пишува Порталб.мк.

Поминаа речиси 10 месеци откако Владата го повлече предлог-законот за дигитални учебници од Собранието, а МОН нема подготвено нова форма на закон, како што вети. Во моментов читањето од дигитални учебници за учениците останува опционално, како што беше и досега, односно освен што ќе добијат книги во печатена форма, тие „е-учебниците“ ќе можат да ги најдат и во електронска форма.

Министерството за образование и наука објави конкурс за издавање учебници во деветгодишното основно образование. Рокот за доставување учебници е 11 мај, а еден од условите кои се бараат е освен во печатена форма, книгите да бидат достапни и во електронска форма.

„Конкурсот за нови книги за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои всушност се изработени нови наставни програми, е објавен на следниот линк. Рокот за поднесување на апликации е до 11.05.2022 година. Книгите ќе се достават во печатена и електронска форма, така што оние кои ќе бидат избрани ќе се печатат, но истовремено стануваат јавно достапни во дигитален формат“, информираат од МОН за Порталб.мк.

Обидот и неуспехот на предлог-законот за дигитални книги
Министерството за образование и наука од август 2020 година до декември 2021 година го водеше Мила Царовска, која меѓу другото имаше приоритет да го промени концептот на образованието и дигитализацијата на учебниците, што истовремено значеше и укинување на употребата на печатени книги.

„Дигитализацијата не е тренд, тоа е неопходност. Не само затоа што пристапот до материјалите е полесен, туку и затоа што содржината што може да се смести во дигитален учебник е многу помодерна, поинтересна и постимулативна за да се поттикне интересот кај учениците. Нивниот свет е дигитален уред, постојано се изложени на анимација, а тоа не може да се стави во печатените училишни книги“, изјави Царовска на 25 април 2021 година.

Со месеци насекаде се водеше медиумска кампања, посети за претставување на планот и деталите дека од септември 2021 година, учениците од четврто одделение ќе почнат да учат со дигитализирани книги и за ова Министерството за образование дури достави до Собранието предлог-закон кој по забелешките до јавноста беше повлечен, но беше ветено дека, откако ќе се земат мислења од сите, истиот ќе се врати. Освен тоа, за овој план МОН порача и 10.000 таблет компјутери за четвртоодделенците од социјално загрозени семејства, да можат да ги користат новите дигитални учебници.

Во јавноста се иницираа дебати и полемики. На Фејсбук беше отворена група наречена „Фејсбук“ „Книги и настава мора да има“ која во тоа време имаше близу 80.000 членови кои беа против овој предлог-закон. Преку оваа група беше организиран бојкот на наставата. Партиите меѓусебно се обвинуваа кој кому припаѓа и кој кого штити.

Кога Владата во јули 2021 година го повлече законот, Фејсбук групата, го доживеа овој гест како победа.

„Денеска покажавме и докажавме како граѓаните можат да учествуваат во одлучувањето за работи важни за нас, нашите деца и нашата заедничка иднина. Денеска докажавме дека знаеме, можеме и како обични граѓани смееме да дејствуваме и да ги заштитиме нашите права и правата на нашите деца. Денеска докажавме дека можеме одблиску и од далеку да учествуваме во работата на Собранието и на Владата на Македонија. Денеска славиме, утре продолжуваме“, рекоа од групата „Книги и настава мора да има“.

На иста линија со нив беше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценија дека ова не е дигитализација и според нив нема таков пример во цивилизираниот свет.

Губење на локалните избори на владејачката партија, влијаеше министерката да поднесе оставка. Мила Царовска, која раководеше со овој ресор, со ветувања за големи, па дури и стратешки реформи, ја напушти министерската функција откако нејзината партија изгуби на локалните избори.

Наместо неа беше назначен Јетон Шаќири, кој дојде од функцијата министер за информатичко општество и администрација, ресор кој е носител на процесот на дигитализација во земјава. Во февруари 2022 година, Шаќири најави дека започнатата дигитализација на учебниците во образованието ќе биде процес што ќе се реализира за пет години.

„Дигитални текстови им се нудат на учениците од четврто одделение па натаму. Треба да се разгледаат неколку аспекти. Најнапред содржината, односно ќе треба да се испита дали содржината на наставната програма и учебниците е задоволителна во досегашната реализација, но од друга страна ниту дигитализацијата не треба да се занемари. Со оваа динамика дигитализацијата на учебниците ќе се реализира за пет години“, изјави Шаќири.

На 23 март годинава Шаќири, нагласи дека, според постојниот закон, печатената верзија на книгите е неопходна.

„Печатената верзија на учебниците според постојниот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но не ја исклучува важноста на дигиталната форма“, велат од Министерството.

Денес кога зборуваме за ова, наставниците штрајкуваат, не за дигитализација на книгите, туку затоа што платите не им се зголемени линеарно по покачувањето на минималната плата во земјава на 18.000 денари.

Пандемијата која нè потсети на важноста на дигитализацијата е при крај, ги фрливме маските и нема веќе анти-ковид мерки, учениците и наставниците веќе не учат од дома, онлајн.

loading...

go88 ông đồ

game bài sunwin hủy lệnh rút tiền sunwin sunwin mới