– Умрев од срам кога на Харвард професорот по економија користеше термин Балканизација кога сакаше да опише како некоја држава влегува во економски и политички хаос. Ние на балканот сите треба да ја промениме свеста. Имаше една анкета пред неколку месеци за тоа кои народи најмногу се критички спрема себе и спрема своите соседи, Финска беше број еден најмногу критична кон себе а најмалку кон соседите, ние на балканот бевме на дното, нула критичност спрема себе но најголема критичност спрема соседите и целиот свет. Сите ни се криви. Мораме да го намалиме говорот на омраза и да ги отвориме малку очите, сетилата, свеста да се однесуваме европски спрема сите околу нас.
Бугарскиот премиер Петков во интервју со Сител. Човекот е навистина освежување на балканската политичка сцена. Потсетува на Заев, Пендаровски беше во право.