Невладините организации како коректор и критичар на политичарите имаат важна улога. Истовремено, во себе обединуваат искуство и знаење коишто како држава треба да ги искористиме. Ако сакаме да фатиме приклучок во претстојниот процес на преговори со Европската Унија, нема зошто да не го собереме сиот ум и претставниците од невладиниот сектор да бидат вклучени во тимовите за преговарање.
Чест ми е што денеска имав можност да одговорам на прашањата на невладиниот сектор на третиот Национален форум на граѓански организации, во организација на програмата на Швајцарската амбасада за поддршка на граѓанското општество, Civica Mobilitas. Отворено зборувавме за неказнивоста на високата корупција, за состојбите во судството, медиумите, здравството, статусот на лицата со попреченост, на Ромите, за еднаквите можности и родовите прашања.