Поделбите во македонското општество се длабоки. Довербата тешко се дава преку етнички линии, а уште потешко се задржува. Внесувањето на мултикултурализмот мора да биде постепено. Исчекор е направен, но не доволно.
Вроденото достоинство на човекот е првата одредница од која мораме да тргнеме кога ја обмислуваме политичката заедница во која живееме.
Книгата „Помеѓу поделено и едно општество” ги адресира главните предизвици со коишто се соочува македонското општество, проектирајќи ги гледиштата на авторите за насоките во коишто треба да се гради Северна Македонија во годините што пред нас. Честитки до авторите Рубин Земон, Петар Атанасов, Сефер Тахири, Мустафа Ибрахими и Ана Чупеска.