На вонредниот виртуелен Самит на #НАТО на кој се дискутираше за руската инвазија на #Украина, нагласив дека во овој критичен момент за меѓународниот правен поредок и за мирот и безбедноста во Европа, мора да го потврдиме и покажеме нашето силно единство.
Русија мора да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина, да се придржува кон меѓународните норми и да ги почитува основите на меѓународната безбедносна архитектура на која се обврзала.
Изразуваме поддршка за народот на Украина и нејзините демократски избрани институции. Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во овие тешки денови.