По повод 1000 годишното постоење, Бигорски Манастир Св. Јован Крстител го одликував со Орден за заслуги за Република Северна Македонија 🇲🇰 за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, за грижата за уметничките реткости и за постојаните социјални и хуманитарни активности.
Бигорскиот манастир со својата жива духовна и културна мисија и ангажман е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност.