(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
(ВИДЕО) БОМБА НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ВО БУГАРИЈА АКО СЕ ДЕКЛАРИРАТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ!
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
ВАКВИТЕ ЃУБРИЊА ПСИХОПАТСКИ ОПСЕДНАТИ СО ОМРАЗА КОН НАС ГИ РАСИПУВААТ БУГАРСКО МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ - Нешков: Македонизмот не е идеолошки, туку геополитички проект насочен против Бугарија
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
СЕ БЛИЖИМЕ НАКАЈ 8 000 ЗАГИНАТИ ОД КОРОНА А НА АНТИ ВАКСЕРИТЕ НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ ВО ГЛАВА!
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
КОГА СИ БРАНКОВИСТ ДО КОСКА И КОГА СИ НА ПЛАТЕН СПИСОК КАЈ КАМЧЕВ ВО СИСТИНА: НА АНДРЕЈ ПЕТРОВ МУ ТРЕБАЛО ВРЕМЕ ЗА ДА ОЦЕНИ ДАЛИ ЗАЕВ БИЛ ДОБАР ПРЕМИЕР
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
СДСМ: ПРАВО НА ГЛАС НА КОНГРЕСОТ ЗА НОВ ЛИДЕР НА 12-ТИ ДЕКЕМВРИ ИМА СЕКОЈ ЧЛЕН КОЈ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО ТИМОТ НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ПОЧИНА НОВИНАРОТ ТОДОР ПЕНДАРОВ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ
ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ - БЕСА МОЛИ ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА: АРИЈАНТ ХОЏА СНИМЕН СО МУСА ЏАФЕРИ ВО СКОПСКО КАФУЛЕ

Пендаровски: Реакцијата на Радев спротивна на основниот принцип за немешање во внатрешните работи на друга државa

Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО, е став на претседателот Стево Пендаровски во однос на последните случувања во Бугарија со претседателот Румен Радев, а кои се однесуваат на македонско-бугарските односи.

Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, е ставот на Пендаровски, наведуваат од неговиот кабинет.

Кабинетот на шефот на државата нагласува дека до овој момент Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонските граѓани, само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.

-Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но ниту во последниот годишен извештај за напредокот на ЕУ не се регистрирани такви случаи, велат од кабинетот на Пендаровски.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера на средбата со шефовите на бугарските специјални служби побара да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест, јави дописникот на МИА од Софија.

Повод за средбата е писмото кое бугарскиот Кабинет на претседателот го добило од Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и од други граѓани на Северна Македонија кои се определуваат како локални Бугари и поради, како што се наведува во соопштението, зачестените појави на повреда на нивните права само поради фактот што се определуваат како етнички Бугари.

loading...