Ме информираа за тековната монетарна политика која ја спроведува Народната банка и исполнувањето на целите на банката во поглед на ценовната стабилност.
Беа презентирани проекциите за наредната година, како и предизвиците за периодот што следи.
Воедно, раководството на Народната банка ме информираше за движењето на меѓународните пазари и нивниот ефект врз економската состојба во државата.