Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ, ЗНАЧИ АМАН: Нов бран на ковид-19 ширум Европа, новите соеви ја избегнуваат заштитата стекната од вакцините
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
Општина Кавадарци организира бесплатна ,Школа за пливање" со деца на возраст од 7 до 10 години
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
БРАВО: Oпштина Арачиново добива уште едно основно училиште
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
ВО КООРДИНАЦИЈА НА МВР И МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА - Претреси во затворот во Штип: Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари
Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари
Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна, Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна, Приведен крадец во Прилеп
Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна, Приведено лице во Гостивар за издржување затворска казна, Приведен крадец во Прилеп
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
МИСКОСКИ: Завршивме со целосна реализација на детски реквизити во детскиот парк во ЈОУДГ "ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ" Кривогаштани
МИСКОСКИ: Завршивме со целосна реализација на детски реквизити во детскиот парк во ЈОУДГ "ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ" Кривогаштани

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ОРГАНИЗИРАШЕ ДЕБАТА ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ СО НОВИНАРСКАТА ФЕЛА: Нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност со предвидени повисоки казни за престапниците

Обраќање на претседателот Пендаровски на панел-дискусијата по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на панел-дискусијата која се одржа во Кабинетот на Претседателот по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, а беше организирана во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

По завршување на панел-дискусијата, присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата на фотографии од новинарки „Сликни го твојот глас“, која ја носи главната порака како е да се биде жена, новинарка и медиумски работник во денешно време. Изложбата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ во организација на ЗНМ и ССНМ.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани новинари и медиумски работници,

Благодарам за можноста годинава заеднички да го одбележиме овој исклучително важен ден за демократијата – Светскиот ден на слободата на медиумите. Датумот е важен потсетник за нашата одговорност за транспарентни и отворени институции и за почитување на медиумските слободи, со цел, да креираме амбиент во кој медиумите ќе ја вршат својата работа согласно професионалните принципи на новинарството, ослободени од политички и економски притисоци.

Пандемиските години и војната во Украина ни покажаа колку е важна работата на медиумите за добивање на навремени, проверени и непристрасни информации, во време кога се соочуваме со океан од дезинформации кои ѝ штетат на секоја демократија. Војната уште еднаш ни потврди дека, за жал, освен вистината, првите жртви во секој конфликт се и медиумските работници кои ја вршат својата работа и во мирни, но и во воени и вонредни услови.

Загрозувањето на безбедноста на медиумските работници е загрозување на медиумските слободи. Заплашувањето, физичките напади, уцени, вознемирување на интернет, родово базиран вознемирувачки говор, дискриминација и други форми на притисок им оневозможуваат на медиумските работници да ја работат слободно својата работа.

Во овој контекст, ги поддржувам предлозите за измените на Кривичниот законик иницирани од страна на Здружението на новинари и новинарскиот синдикат, со кои се предлага нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност со предвидени повисоки казни за престапниците. Со тоа ќе придонесеме за поголема заштита на новинарите и медиумските работници и за искоренување на културата на неказнивост која, за жал е сè уште поддржувана од некои сегменти во македонското општество.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Во таа смисла, ги повикувам и надлежните институции навреме да реагираат и да ги процесуираат случаите поврзани со напади, заплашување или загрозување на безбедноста на медиумските работници и на тој начин да придонесат за нивна системска заштита.

Охрабрува што релевантни извештаи нотираат дека транспарентноста на институциите се унапредува, а се намалува бројот на случаи на закани и напади. Според извештајот на Здружението на новинари на Македонија, во споредба со 2020-та, бројот на регистрирани закани и напади врз новинари и медиумски работници е драстично намален. Имено, во 2021 биле забележани вкупно 5 напади и груби закани кон новинари во споредба со 14 во 2020-та. Бројот на активни тужби за навреда и клевета кон новинар или медиум во 2021 изнесувал 20, што само покажува дека нè очекува уште работа за да не дозволиме задушување на медиумските слободи какво што имавме во минатото.

Почитувани,

Безбедноста на новинарите е заедничка обврска на сите нас, но, пред сè, на државните институции и политичките фактори, инаку, тоа не ни треба само како политичка флоскула. Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации за нивната работа, за да можат новинарите квалитетно да ги информираат граѓаните. Безбедносните и правосудните органи треба навремено и неселективно да постапуваат во случаите кога се загрозува безбедноста на новинарите. Тука треба да ја имаме во предвид констатацијата содржана во извештајот на Здружението на новинари на Македонија дека и покрај намалениот број на закани и напади, новинарите и медиумските работници сè уште се чувствуваат несигурни поради инертноста на обвинителството и судството во решавањето на ваквите случаи во минатото.

За крај, сакам на сите медиумски работници да ви го честитам Светскиот ден на слободата на медиумите и да порачам дека треба да работиме заеднички, се разбира, секој во рамките на своите надлежности, и со сите ресурси и капацитети кои ги имаме на располагање за унапредување на медиумските слободи. Без тоа, нема да имаме ниту професионално новинарство, ниту плурализам во медиумите, ниту квалитетно информирани и медиумски писмени граѓани кои ќе ги препознаваат и сузбиваат дезинформациите. А, без слободни медиуми не е возможен развој ниту на отворени општества и либерална демократија.

Ви благодарам.

loading...

quy định rút tiền go88 go88 êu go88 play go88

báo cầu sunwin