ПЕНДАРОВСКИ: УСТАВОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧЕПКА, НАША ВОЈСКА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО ЕВЕНТУАЛНА ВОЈНА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА

– Украина не е членка на НАТО и затоа ако биде нападната од Русија, нема да има НАТО војска на нејзина територија за да ја брани па така и македонска војска нема да учествува во евентуален конфликт меѓу Украина и Русија. Секоја земја може да одлучи самата да дејствува на своја рака, но ние нема да донесеме таква одлука. Друго е ако Русија нападне земја членка на НАТО, тогаш ситуацијата е сосема различна тогаш ние како воена алијанса мораме да ја заштитиме таа земја и да помогнеме на сите можни начини па и со војска.

– Мое мислење е дека уставот не треба да се чепка освен ако има апсолутен консензус и тоа треба да го правиме многу ретко, затоа што тоа во нашата земја може да биде како отворање на пандорина кутија па сите имаат некакви желби и интереси и тоа може да доведе до политичка криза и недоразбирања.

Пендаровски на прес конференција во одговор на новинарски прашања.