Совет за македонски јазик: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на јазикот
Совет за македонски јазик: Во предлогот се испочитувани самостојноста и оригиналноста на јазикот
Откако Украинците им потопија неколку бродови и ги запукаа со тешка артилерија од новите американски топови, Русите се повлекоа од Змискиот остров
Откако Украинците им потопија неколку бродови и ги запукаа со тешка артилерија од новите американски топови, Русите се повлекоа од Змискиот остров
ТХП: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од деструктивните политики
ТХП: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од деструктивните политики
Пендаровски за утре седница на Советот за безбедност – на дневен ред францускиот предлог
Пендаровски за утре седница на Советот за безбедност – на дневен ред францускиот предлог
УРЕДНИКОТ НА НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК, ПОПОВСКИ ВО КОЛУМНА ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Францускиот предлог е врвна дипломатска приказна како да се понуди решение за еден небулозен спор
УРЕДНИКОТ НА НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК, ПОПОВСКИ ВО КОЛУМНА ЗА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Францускиот предлог е врвна дипломатска приказна како да се понуди решение за еден небулозен спор
Ковачевски: Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици во Европа, Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги
Ковачевски: Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици во Европа, Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги
Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, тоа е нивни проблем, се додека тоа не е дел од политиката на ЕУ
Османи: Бугарија може да има каков сака став за македонскиот јазик, тоа е нивни проблем, се додека тоа не е дел од политиката на ЕУ
(ВИДЕО) Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- значително намален бројот на жртви на сообраќајниците
(ВИДЕО) Безбедно лето: „Носи кацига, вози одговорно!“- значително намален бројот на жртви на сообраќајниците

Пензискиот систем е стабилен и одржлив е заклучокот од седницата на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело.

На денешната седница, членовите на Советот беа информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и состојбата на пензискиот систем во 2021 година, како и за предлогот на Владата за измена на методологијата за усогласување на пензиите.

На седницата беше потврдена стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и остварените резерви во висина од 1.3 милијарди денари во Фондот за ПИОМ. Притоа се дискутираше и за промената на методологијата за усогласување на пензиите, за што беше одржана претходно средба со претставниците на пензионерите.

Министерката Тренчевска информираше за отворањето на социјалниот дијалог со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како претставници на пензионерите и можностите за промена на методологијата за усогласување на пензиите.

„Целта е да воспоставиме системско решение, на долг рок. Новата методологија треба да обезбеди континуиран раст во иднина, без потреба од дополнителна интервенција од страна на институциите. Нашата цел е воспоставување на систем, кој обезбедува сигурност и извесност,“рече Тренчевска.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека свикувањето на советот треба да биде редовна пракса. Тој се осврна на промената на критериумите за минимална плата која беше направена неодамна и отворањето на дискусијата со пензионерите за промена на методологијата во усогласување на пензиите.

Министерката истакна дека мислењето на Советот е особено значајно во поглед на креирањето на мерки и измени во законските решенија кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на пензионерите.
Со оглед на тоа дека, денешната средба беше прва и повеќе насочена кон запознавање и отворање на дискусија, подолга и подетална средба на советот беше договорена да се реализира до крајот на овој месец.

loading...

mã code go88 go88 quay hu sunwin - go88

kéo tài xỉu sunwin SunWin.gg | Game Macao Số 1 Việt Nam game sunwin