(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
(ВИДЕО) КОСТАДИНОВ ПОБЕДИ ВО СТРУМИЦА СО 4000 РАЗЛИКА
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
НИКОЛОВСКИ ПОТВРДИ: Во Прилеп победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, во Скопје, Битола и Куманово ќе победиме ние во втор круг, во Штип ќе се бие битка во втор круг
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
(ВИДЕО ВО ЖИВО) НИКОЛОВСКИ: КОЧИ МИЦКО, СДСМ ПОБЕДУВА ВО СКОПЈЕ И ПОБЕДУВА ИЛИ ВОДИ ВО 28 ОПШТИНИ!
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
Митко Јанчев прогласи победа со резултат три наспроти еден
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
БРАВО СКОПЈАНИ: ШИЛЕГОВ ВОДИ ПРЕД ДАНЕЛА СО 15 000 ГЛАСОВИ!
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ - Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково, Желино, Сарај, Липково и Пласница
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
БОМБА ОД КУМАНОВО: ОЛИВЕР ИЛИЕВСКИ ВОДИ СО 2000 ГЛАСОВИ ПРЕД МАКСО
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ
СДСМ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО УШТЕ 4 ОПШТИНИ, СЕГА Е ВКУПНО 12: ДОБИЕНИ КАРПОШ, ЦЕНТАР, ДЕЛЧЕВО И БОГДАНЦИ

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА

Пишува: Саше Ивановски Политико

Овие денови може да се слушнат и прочитаат еден куп тешки глупости искажани и напишани од страна на вмровците на сметка на Заев во врска со бугарското вето. Од сите тие еден куп безвезе тези, oвие 10 кои ги анализирав подолу во колумнава се убедливо најголеми будалаштини на темата:

1. Заев направил национално предавство!

Ова е многу глупа теза, ако направил предавство, Бугарија ќе го кренеше ветото, проблемот е што Заев не сака да попушти на лудачките барања на Бугарите…

2. Заев е крив за ветото!

Ако е Заев крив, значи дека не направил предавство, значи бил патриот и државник, ги бранел националните интереси?!?!

3. Проблемите почнале со договорот за пријателство со Бугарија, да не сме го потпишеле немало сега да не уценуваат…

Кое лудило е оваа теза. Ако го немаше тој договор потпишан 2017-та, немаше да влеземе ниту во НАТО, ај што сега во ЕУ не кочат, тогаш ќе ни опнеа вето и за НАТО, или ова на стратезиве вмровски им е нешто небитно?!?!

4. Со Заев земјава редела само порази и време било да си замине…

Како бе порази, станавме 30-та членка на НАТО, од 120 земји и над 200 народи на светот, ние сме во елитното друштво на 30 земји членки на најмоќната воена и политичка организација во светот и тоа за небањатите вмрони било нешто небитно?!?!

5. Зошто сме го смениле името кога не влеговме во ЕУ, се било џабе, Заев џабе го дал името…

Ова е многу глупа теза, името го сменивме за да го решиме проблемот со Грција за таа да не не кочи во НАТО и ЕУ, и тоа е постигнато. Никој не може да знае што некоја друга земја во иднина ќе направи кон нас и тоа нема врска со решавањето на проблемот со Грција, тоа беше билатерален проблем и е решен и Грција е сега наш најголем стратешки партнер на секое поле, економски, воено, енергетски, дипломатски итн итн…

6. Со договорот од Преспа, сме се укинале себеси како народ, сме направиле идентитетски геноцид…

Ако беше така, зошто сега Бугарите не притискаат да признаеме дека сме ист народ кој збори на ист јазик и дека нашата историја е де факто бугарска историја?! Значи сепак договорот од Преспа не го загрозил нашиот идентитет кој им боде очи на Бугарите…

7. Заев е предавник кој распродава историја за пари и моќ…

Ако беше така зарем ќе јадевме 2 пати вето од Бугарија?! Ако беше Заев предавник само ќе потпишеше се што бараат Бугарите, ама тој се труди да направи компримис без да направи трајна штета врз националните интереси, со Грција се јави таква можност поради разумниот Ципрас, но во Бугарија во моментов има натпревар кој повеќе ќе бара од нас Македонците, буквално се тркаат кој повеќе ќе не навреди и ќе постави поголеми и полудачки барања кон нас кои никој жив не може да ги прифати, апсурдни се Бугарските барања, одат на се или ништо…

8. ЕУ ќе се распаднела наскоро џабе сме се мачеле со Бугарите не вредело…

ЕУ нема никогаш да се распадне затоа што е поволна за бизнисот ги збогатува земјите членки на ЕУ, зошто земјите членки би си направиле штета на себе и би се лишиле себе од поволносите на милионите фирми кои тргуваат без граници, со една заедничка валута и би ризикувале да се јават пак десетици нови граници и фирмите да губат милијарди и милијарди евра на царини, промена на валути, разни даноци, разни регулативи, чекање на робата на граница итн итн, тоа никогаш нема да се случи, Британија е исклучок што нема да се повтори никогаш, Британците никогаш историски не ја прифатија ЕУ, секогаш правеа проблеми со децении, некако им беше претесна историски навикнати на големата Британија од претходните времиња која се простирала од Лондон преку Малта, Палестина, Индија, Америка, Австралија буквално пола земјина топка и тој мит за Британија која ќе владее со светот беше посилен од концептот на ЕУ, плус стравот од напливот на бегалци и доселеници ги преплаши десничарите во Британија кои го направија непромисленото и сега штетите за Британија се огромни…

9. Коридорот 8 од Драч преку Скопје до бугарското пристаниште Бургас бил промашен непотребен и промашена инвестиција…

Оваа теза ја кажа Стевчо Муња на куртон Алфа пред некој ден. Ете какви стратези сме имале на најмоќните државни функции, тој човек беше вице премиер 10 години во влади на СДСМ и едндо време беше сериозен кандидат за наследник на Бранко Црвенковски на лидерската позиција во СДСМ.

Човек кој не разбира колку е важно да ја ставиш земјата во срцето на двата најважни коридори на балканот, тој од Белград до Солун преку Скопје и тој од Драч до Бургас преку Скопје. Со тие два коридори ти имаш де факто стратешко значење безмалку како да имаш две или три пристаништа иако ги немаш. Ако ние решиме да ги затвориме тие коридори, за да не заобиколат фирмите од светот ќе губат цели денови што ќе им нанесе огромни загуби на долг рок…

Низ нашата територија поминуваат овие коридори кои не прават да сме стратешки интерес на големите сили па тоа ни дава гаранција дека ќе се трудат да не држат како мирно стабилно безбедно подрачје за да им врви робата па така тие ќе се трудат да ги спречат евентуалните внатрешни тенденции за отцепување и надворешните атаци кон нашата територија.

И како второ важно значење од овие коридори е нашите фабрики и извозници ќе имаат гарантиран пристап до 3 пристаништа во случај да не дај може да се јави криза во некој од соседните региони и земји, никогаш не можеш да знаеш што ти носи иднината и каде може да избие некаква криза, конфликт, катастрофа и слично, затоа е добро да се има пристап до 3 најблиски пристаништа со што се излегува на светските мориња и за извоз но и за увоз на стока.

10. Бугариа го кршела договорот за пријателство и требало унилатерално самите да го прогласиме за неважечки со тоа ќе престанеле разните притисоци кон нас?!?!

Колку луда теза, наместо да идеме напред ова е одење назад. Бугарија е сега мета на меѓународен притисок, кој засега е недоволен но ќе расте во иднина. Ние мораме да останеме активни и добри дечки во оваа приказна, ако почнеме ние да се ТРЗАМЕ ќе почне притисокот од Бугарија да оди кон нас и ќе треба да попуштаме повеќе и повеќе од што реално заслужуваме да попуштаме. Затоа Заев упорно оди во Софија моли за помош затоа што така јавно ги исфрла на бришан простор Бугарите како кочничари и блокатори на стратешките интереси на САД и ЕУ за ширење на балканот и грабнување на балканот од рацете на Русија како можно идно руско присуство на овој простор ако ЕУ не се прошири што ќе доведе до можни кризи и конфликти што би го искористила Москва а можно е и Пекинг како нова светска сила во подем.

loading...

The Melancholy of Haruhi-chan Suzumiya (Dub) Episode 25

Isekai Izakaya: Japanese Food From Another World (https://kissanime.mx/m/z2v8) Episode 24

Website https://wcostream.cc: Watch Mangirl!: Asobu Henshuu Girl wcostream Episode Full wcostream one piece

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Mobypicture: https://www.mobypicture.com/user/animefreakws

Forum fastcap: https://forum.fastcap.com/profile/animefreakws/