Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен
сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена
држава, да го направиш на тој или претходниот ден после 29 години, е
повеќе од јасна порака.
Да го запалиш знамето на државата која образовала илјадници твои деца,
дала државјанства на илјадници твои граѓани, комшии, роднини кои работат
низ цел свет и праќаат пари на своите семејства за да ги спасат од глад
и мизерија, во која држава и денес функционираат фирми на твои
сограѓани, роднини и комшии, а печалбите ги трошат во Македонија е меко
кажано невоспитано.
Проблемите и нерешените прашања се решаваат, но комшиите и роднините
остануваат.
Жал ми е што ова се случи, се надевам дека сфаќаме како општество колку
е болно и навредливо кога некој ќе ти го запали националниот симбол и
каква навреда е тоа. Ни се случувало многу пати да гори и македонското
знаме, но за волја на вистината никогаш не било палено во Бугарија или
од Бугари туку од други наши соседни земји, но и наши сограѓани од друга
етничка припадност.
Палењето на национални симболи е кривично дело, извршено од индивидуалци
и очекувам институциите да си ја завршат својата законска обврска,
бидејќи сум убеден дека ние како општество не сме должни да го носиме
срамот и навредите предизвикани од индивидуални постапки.
Искрено и човечки се извинувам на секој роднина и комшија, граѓанин на
Бугарија за оваа постапка. Ова е навредливо пред се за мене, па после и
за секој Бугарин каде и да живее во светот.
Петар Колев, претседател на ГДУ