ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ ЦЕНТАР СЕ ГРИЖИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ
ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СУБВЕНЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ ЦЕНТАР СЕ ГРИЖИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - ГЕРМАНИЈА ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - ГЕРМАНИЈА ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ЗА СИТЕ ВОЗРАСТИ
За отстранување на дивоградбите покрај Охридското Езеро, Владата обезбеди 97.000 евра
За отстранување на дивоградбите покрај Охридското Езеро, Владата обезбеди 97.000 евра
Премиерот Заев и министерката Шахпаска на средба со Сојузот на здруженија на пензионери: Пензионерите се важен сегмент во нашето општество, се грижиме за усогласување на пензиите и подобрување на социјалните услуги

Николовски: Имавме 17.000 проекти – по конгресот ќе видиме колку градоначалниците реализирале и така ќе ги селектираме за уште еден мандат
Николовски: Имавме 17.000 проекти – по конгресот ќе видиме колку градоначалниците реализирале и така ќе ги селектираме за уште еден мандат
ПАЃА ЕДНО ОД ПОСЛЕДНИТЕ ВМРОВСКИ УПОРИШТА, ОСТАНА УШТЕ АГЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ: Уставниот суд пред „големо проветрување“, заминуваат тројцата претседатели во последните осум години
ПАЃА ЕДНО ОД ПОСЛЕДНИТЕ ВМРОВСКИ УПОРИШТА, ОСТАНА УШТЕ АГЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ: Уставниот суд пред „големо проветрување“, заминуваат тројцата претседатели во последните осум години
ЧОВЕКОТ Е НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ, ЕДНАШ ЦЕНЕТ ЕКСПЕРТ А СЕГА - ИЗЕДЕ МЕ ТУЏА СРАМОТА - Калајџиев против самиот себе: На 27 април имаше и немаше тероризам?!?!
ЧОВЕКОТ Е НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ, ЕДНАШ ЦЕНЕТ ЕКСПЕРТ А СЕГА - ИЗЕДЕ МЕ ТУЏА СРАМОТА - Калајџиев против самиот себе: На 27 април имаше и немаше тероризам?!?!
ПРИЛЕП - ЈОВАНОСКИ: Во пресрет на утрешната слава на жителите на населбата Варош, „Голем Петок“, го асфалтиравме патот до манастирот „Св.Архангел Михаил“, во должина од 240 метра
ПРИЛЕП - ЈОВАНОСКИ: Во пресрет на утрешната слава на жителите на населбата Варош, „Голем Петок“, го асфалтиравме патот до манастирот „Св.Архангел Михаил“, во должина од 240 метра

ПЕТАР КОЛЕВ: Гарванлиев, можат само да ти се фатат!

Во изминатите години Македонија имаше претставници на Евровизија од речиси сите етнички заедници во земјата и тоа не претставуваше никаков општествен предизвик.
Калиопи – Влаинка, Тијана Дапчевиќ – граѓанин на Србија, Адријан Гаџа- Албанец, великанот Есма Реџепова- Ромка и ред други.

Денеска, претставник на Македонија е Васил Гарванлиев, човек со богата автобиографија и сериозна музичка кариера, кое по правило би следело да е повод за гордост, но искреноста и чесноста во нашата држава за жал се повод за омраза и навреди.

Најпрво се возбудија „душегрижниците” на македонскиот патриотизам од кадар во спотот, кој е всушност уметничко дело, кадар избран од режисерот на самиот видео клип, но тоа воопшто не се укажа како бариера за нивната злоба и искомплексираност.

Истовремено би додал еден едноставен факт, повод за длабоко размислување, присутен во редица промотивни или музички спотови, но и во секојдневието на истите „душегрижници” како што е албанското знаме, поставено на редица институции, јавни места и обележја, но тоа не им пречи во постапката за вработување или градење на кариера дел од истите „душегрижници” или нивни блиски и роднини да се самоопределат за Албанци, Турци или други.

Се укажа „фатална” грешка за Гарванлиев да ја каже вистината за потеклото на неговата баба и за неговото бугарско државјанство, кое за жал предизвика низа од реакции.
Во нашето општество вистината и искреноста е повод за омраза, а лагата, манипулацијата и криењето се издигнати на ниво на култ.

Огромен дел од разјарените и силно вознемирени „патриоти”, нивни блиски или роднини се државјани и на други земји, вклучително и на Бугарија. Тој факт многу „патриотски” го кријат, за него манипулираат и лажат, но тоа не претставува повод да се засрамат, точно обратно, стануваат агресивно вулгарни и арогантни.

Сѐ уште го паметам оној велемајсторски гол од корнер против Англија на легендарниот Артим Шаќири, од тогаш многу Англичани научија за Македонија.

Искрено се надевам, Васил да е тој „играч”, кој на оваа Евровизија ќе постигне таков погодок кој уште долги години ќе биде повод за наша гордост, но и причина целиот свет да слушне и види нешто квалитетно и достојно од Македонија.
Гарванлиев, можат само да ти се фатат, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси, никогаш во животот опера не слушнале, театарот им е мисловна именка, а огромен дел од нашите сограѓани најголемото дело кое го прочитале е Зоки Поки, не бидејќи сакале, а затоа што ги натерале од училиште во прво одделение.

Ти почитуван Васил, ќе продолжиш да ја радуваш публиката во Париз, Милано, Виена и цел свет, а ние кои не те заслужуваме за жал, еден ден ќе се гордееме со твоите успеси и ќе се фалиме дека сме од Македонија, знаете оној Васил Гарванлиев, баритонот од Струмица…

Омразата ќе ја прегази уметноста, но и човечноста!

loading...

ANIMEFLIX anime stream: One Piece (Dub) Episode 693

GoGoAnime gogoanime weathering with you: Death Note (Dub) (https://gogoanime.be/m/dJrX) Episode 37